Откриена „египетската Помпеја“ - древен град кој дава увид во животот на Египќаните во најбогатиот период на Египет

Денес речиси и да нема некој во светот што не ја знае фигурата на главата на египетската кралица Нефертити. Оние што имаат познавање од историјата на Египет, знаат дека нејзиното лице се смета за пример на античка убавина, а нејзиниот сопруг Ехнатон е „отпадник“ во египетската култура и традиција. Таткото на Ехнатон, пак, бил еден од најмоќните и најбогатите египетски владетели, а сега археолозите открија град кој ќе ни помогне да сфатиме како изгледал животот на Египќаните во периодот на неговото, но и владеењето на неговиот син.

Otkrien-zagubeniot-zlaten-grad-vo Egipet-naucnicite-cekor-poblizu-do otkritie-za-kontroverznosta-na-Ehnaton-soprugot-na-Nefertiti-01.jpg

Пред околу 3.400 години Ехнатон се откажал од своето име, својата религија и главниот град Теба (модерен Луксор).

Археолозите се сложни за тоа што се случило потоа: фараонот Ехнатон го изградил Ахетатон (денешна Амарна), каде што владеел со неговата сопруга Нефертити и го славел Сонцето. По неговата смрт, неговиот син Тутанкамон станал владетел на Египет и се откажал од контроверзното наследство на неговиот татко.

Иако постојат повеќе теории, сепак науката не може да најде одговор на клучното прашање: Зошто Ехнатон ја напуштил Теба која била главен град на Египет повеќе од 150 години?

ehnaton-2.jpg

Деновиве египтолозите се возбудени од најновото откритие, најдено во слоевите песок на египетското тло.

Тие сметаат дека одговорот можеби лежи во откритието на индустриската кралска метропола во Теба што Ехнатон ја наследил од татко му, Аменотеп Трети. Откритието што е наречено „загубениот златен град од Луксор“ се претпоставува дека ќе предизвика голем ентузијазам, шпекулации и контроверзи, и ќе ни покаже како изгледал животот во Египет во времето на овие фараони.

Со оглед на тоа што градот беше откриен во септември минатата година, археолозите успеале само површински да го разгледаат огромното наоѓалиште и сè уште не може точно да се говори за неговата важност во рамки на целокупното знаење за Египет.

Но, она што ја воодушевува научната јавност е зачуваноста на најдените артефакти.  

ehnaton-5.jpg

„Нема сомнение. Ова навистина е феноменално откритие. Тоа е во голема мера како смрзнат момент во времето – египетска верзија на Помпеја“, вели Салима Икрам, археологот што го предводи Египтолошкиот оддел на Американскиот Универзитет.

Инаку, наоѓалиштето датира од времето на фараонот Аменотеп Трети кој владеел помеѓу 1386 и 1353 година п.н.е.

За тој период се знае дека бил период на исклучително богатство, моќ и луксуз, а се смета дека овој фараон краткотрајно владеел заедно со неговиот син Ехнатон (сопругот на Нефертити). Со новооткриениот град, археолозите ќе имаат подобар увид во тоа како изгледал животот во Египет во периодот кога бил можеби најбогат.

ehnaton-3.jpg

Неколку години по смртта на неговиот татко, Ехнатон раскинува со сето она за што се залагал претходниот владетел. За време на 17-те години од неговото владеење, тој раскинува со дотогашната веќе утврдена египетска култура и воведува нова религија која го славела Сонцето како божество.

Освен ова, Ехнатон ја напушта престолнината Теба и се преселува во целосно нов град наречен Ахетатон (наоѓалиште во Египет денес познато како Амарна).

Но, по неговата смрт, исчезнуваат огромен дел од трагите за неговото владеење. Дури по откривањето на Амарна во 18-иот век, повторно биле добиени информации за фараонот-„отпадник“, како и она што се случувало во периодот на неговото владеење.

Сега, научниците сметаат дека новото откритие може да даде одговор на неколку клучни прашања: прво, зошто воопшто бил направен таков контроверзен пресврт во египетската култура, но и каков бил секојдневниот живот за време на владеењето на Аменотеп Трети. Наоѓалиштето опфаќа стари и нови делови од областа што е позната по археолошкото богатство што го крие.

ehnaton-7.jpg

Археолозите пред ископувањето се надевале дека на овој простор ќе најдат погребна структура, каде што поданиците на Тутанкамон оставале храна и погребни предмети во времето на неговата смрт, во 1325 година п.н.е. Наместо тоа, откриле нешто сосема поинакво - ѕидови изработени од кал високи и до 2,5 метри и купишта антички артефакти што датираат од времето на Аменотеп Трети.

ehnaton-1.jpg

Најдени се предмети од секојдневниот живот, а голем дел од нив се поврзуваат со уметничкото и индустриското производство во главниот град Теба. Најдени се зачувани домови каде најверојатно живееле работниците, пекарница и кујна, предмети што се поврзуваат со производството на метал и стакло, градби што се претпоставува дека биле поврзани со администрација, па дури и гробишта со гробови од камен.

ehnaton-6.jpg

Иако сè уште не е точно утврдена големината на наоѓалиштето, тој е точно датиран благодарение на хиреоглифите на голем дел од предметите. На некои од нив се наоѓа и кралскиот печат на Аменотеп.

ehnaton-4.jpg

Се смета дека овој град повторно бил ставен во функција откако Тутанкамон дошол на власт. Исто така, според најдените артефакти, археолозите сметаат дека новоткриениот „златен град“ бил користен и од идните кралеви.

https://www.youtube.com/watch?v=yiUZjOIm-WU

Иако наоѓалиштето само по себе не дава одговор зошто Ехнатон ја отфрлил религијата на татко му, научниците се сложни дека ова наоѓалиште ќе даде подетален увид во животот за време на владеењето на Аменотеп Трети и неговиот син.

Новооткриениот град нема да даде информации за бунтовништвото на фараонот „отпадник“, но сепак дава поточна слика за животот што го напуштил.

Б. С. Б. | Црнобело / фото: Reuters

Би можело да ве интересира:

„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
Исповед на скијач кој 23 часа бил затрупан под лавина и преживеал: „Не сум верник, но таа вечер се м... „Знаев дека не смеам да се предадам. Дека не смеам да заспијам, затоа што тоа ќе...
„На 16 години бев бездомник, спиев на улица, сакав да си го одземам живот - сè се смени кога ме прим... Клои Помфрет пораснала во згрижувачки дом, а станала бездомник на 16 години. Спи...
Маж се вљубил во жена со џуџест раст - свекрвата не сакала да ја прифати затоа што е висока колку 2-... „Ако Брајан е среќен со тебе и ако се сакате, јас сум пресреќна“. Со овие зборов...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
Таткото на Бјанка Сенсори, кој бил дел од картел: „Сакам да го прашам Канје зошто ја шета ќерка ми г... „Таткото на Бјанка, Лео, сака да седне со Канје и да го праша што мисли па ја па...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg