Од љубовница на принцот до кралица – Како Камила помина долги години на трансформација за да ја добие титулата?

Принцот Чарлс јавно призна дека имал афера со неа додека беше во брак со Дијана. Камила некогаш беше најомразената жена во Британија и во светот, а денес, по барање на кралицата Елизабета Втора ќе стане кралица консорт (придружничка). Како изгледаше нејзиниот процес на трансформација?

od-ljubovnica-na-princot-do-kralica-kako-kamila-pomina-dolgi-godini-na-transformacija-za-da-ja-dobie-titulata-01.jpg

Со прогласувањето на Чарлс (73) за крал, по смртта на Кралицата Елизабета Втора, се поставува прашањето која титула ќе ја носи неговата сопруга Камила (75). Жената која со години беше љубовница на принцот, од денес ќе стане придружничка на кралот, односно Кралица консорт (придружничка).

od-ljubovnica-na-princot-do-kralica-kako-kamila-pomina-dolgi-godini-na-transformacija-za-da-ja-dobie-titulata-02.jpg

Во едно минато време, доделувањето на оваа титула на Камила ќе се сметаше за мошне контроверзна одлука, затоа што долго време таа беше обвинувана дека го растурила бракот на Чарлс и принцезата Дијана.

Во моментот кога нивната афера беше обелоденета Камила се соочи со голем број критики. Од смртта на Дијана во 1997-ма година до стапувањето во брак на Чарлс и Камила во 2005-та година поминаа 8 години, но и тогаш нејзината идна титула беше предмет на низа шпекулации и контроверзии.

od-ljubovnica-na-princot-do-kralica-kako-kamila-pomina-dolgi-godini-na-transformacija-za-da-ja-dobie-titulata-03.jpg

Во февруари годинава кралицата Елизабета Втора најави дека по нејзината смрт Камила ќе стане Кралица придружничка.

„Кога ќе заврши моето време, мојот син Чарлс ќе стане крал, знам дека нему и на неговата сопруга Камила ќе им ја дадете истата поддршка што ми ја дадовте мене и моја најголема желба е, кога времето ќе дојде Камила да стане кралица придружничка додека ги извршува сопствените должности“ – рече тогаш Елизабета.

od-ljubovnica-na-princot-do-kralica-kako-kamila-pomina-dolgi-godini-na-transformacija-za-da-ja-dobie-titulata-15.jpg

Од денес (09.09) Чарлс ќе стане најстариот крал во Британија, а Камила застанува до него.

Што знаеме за Камила и како од љубовница таа стана сопруга на британскиот владетел?

Камила е родена во 1947-ма година, а своето образование го завршила во Швајцарија и во Франција. Со Чарлс се запознале во 1970-та година на поло меч, една година пред тој да се придружи на кралската морнарица.

od-ljubovnica-na-princot-do-kralica-kako-kamila-pomina-dolgi-godini-na-transformacija-za-da-ja-dobie-titulata-12.jpg

Нејзината пра-пра-баба Алис Кепел била љубовница на кралот Едвард Седми, а според урбаните легенди, Камила уште на првата средба го потсетила Чарлс на нивната семејна историја, по што почнала нивната врска која траела сè додека тој не заминал во морнарицата.

od-ljubovnica-na-princot-do-kralica-kako-kamila-pomina-dolgi-godini-na-transformacija-za-da-ja-dobie-titulata-09.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

„Трапавиот Чарлс“ – Избегнал смртоносна лавина, сам ќе си го откинел прстот со чекан Скршил рамо додека ловел лисици, не знае ни сам колкупати паднал од коњ, а за ма...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
„Ја мрази мојата работа, но и мене зошто си ја сакам работата“ – Канадскиот премиер за сопругата од ... „Постојат мигови кога таа ја мрази мојата работа и ме мрази мене што си ја сакам...
„По 2 години повторно имаме секс со сопругот, но дознав дека тој флертува со 4 жени и фантазира за н... „Кога се соочив со сопругот, тој рече дека сум глупава, бидејќи сето тоа е само ...
Брачен пар, кој не сака деца пред да го прошета светот, е мета на осуда: „Прво сакаме да уживаме во ... „Сакаме деца еден ден, но прво сакаме да уживаме во слободата. Не попуштаме под ...
Маж се вљубил во жена со џуџест раст - свекрвата не сакала да ја прифати затоа што е висока колку 2-... „Ако Брајан е среќен со тебе и ако се сакате, јас сум пресреќна“. Со овие зборов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg