Маж од Австралија добил на лото 2 милиони долари – како мала расправија со сопругата го направила милионер?

„Сопругата ми се налути затоа што заборавив да го уплатам лото ливчето“ – вака ја започнува приказната мажот во Австралија кој успеал да освои по еден милион долари на две ливчиња. Тој раскажува како по расправијата со сопругата станал милионер.

mazh-od-avstralija-dobil-na-loto-dva-milioni-dolari-zaradi-bizarna-raspravija-so-soprugata-01.jpg

Пар од Австралија успеал да освои лото добивка од вкупно 2 милиони австралиски долари во една недела, откако уплатиле две ливчиња со истите броеви.

Новопечените милионери сакаат да останат анонимни, но за австралиските медиуми ја раскажаа приказната како една расправија меѓу нив довела до тоа да освојат двојна добивка.

„Навистина е смешна приказната за тоа како уплативме две ливчиња со истите броеви. Заборавив да го уплатам лото ливчето на сопругата минатата недела и таа ми беше лута.

Па оваа недела за да ѝ се оддолжам, уплатив две ливчиња со броевите што вообичаено ги заокружува“ – раскажува мажот.

mazh-od-avstralija-dobil-na-loto-dva-milioni-dolari-zaradi-bizarna-raspravija-so-soprugata-02.jpg

На овој маж не му се верува дека имале толку голема среќа да освојат милионска добивка на две ливчиња.

„Утрово таа ги заокружуваше броевите на нејзиното ливче кои се добитни и кога сфативме дека освоивме 1 милион на едното ливче, помислив дека е добро да ѝ кажам дека имаме уплатено уште едно исто ливче“ – вели тој.

mazh-od-avstralija-dobil-na-loto-dva-milioni-dolari-zaradi-bizarna-raspravija-so-soprugata-03.jpg

Парот сега е побогат за 2 милиони долари, а велат дека со тоа им се остварил сонот да обезбедат поубава иднина за нивните деца и внуци.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Пораснав на улица со мајка зависник, татко коцкар - сега имам милиони, уживам во луксуз и се фалам ... „Мајка ми ме родила на 16 години. Татко ми беше многу постар маж, во тоа време и...
„Со бившиот сопруг освоиме 2 милиони евра на лото – заглавивме во долгови, ги плаќавме 10 години“ Лара од Англија и поранешниот сопруг освоиле околу 2 милиони евра на лотарија. Н...
Тажниот живот на сестрата на Џеки Кенеди: Сопругот ѝ остави долг од 60 милиони долари, Аристотел Она... Ли Радзивил го поминала животот во сенката на сестра ѝ Џеки Кенеди, а дури ѝ мај...
„Трошам 200.000$ дневно на себе“ - Домаќинка од Дубаи се фали со парите од сопругот Линда Андраде (27) е богата домаќинка од Дубаи. Нејзината приказна е како сценар...
Меланија му ставала креми со кавијар кога бил дете, има свое богатство од 150 милиони долари - Како ... Барон никогаш не носел тренерки, дури ни како дете, туку од мал сакал да се обле...
Во љубов е со милионер една глава понизок од неа - Зошто врската на манекенката Викторија Силвстед ј... Актерката, модел, пејачка и поранешна Плејбој зајачица, Викторија Силвстед (51),...

Најчитани неделава