HP работни станици

hp-rabotni-stanici-povekjeHP претстави нов дизајн, мултикор апдејти и зголемена проширливост на својата моќна линија на HP Z работни станици. - Проектиран за најсофистицираните...


...и компјутерски интензивни визуелизациски потреби, HP Z820 е идеален за корисниците кои користат нафта и плин, компјутерски проектиран дизајн (CAD) и инжињеринг, како и медицински или медиумски апликации за забава. HP Z820 овозможува до 16 процесорски јадра, до 512 гигабајти ECC меморија, до 14 терабајти простор за складирање податоци, па се до дуал Nvidia Quadro 6000 графиката.

- За тивки средини и минимална потрошувачка, HP Z620 е одличен избор за корисниците на финансиски услуги, видео, анимација, архитектура и со среден CAD опсег.  Обновен да поддржи сингл и дуал сокет процесори, моќниот и разновиден HP Z620 обезбедува до 16 процесорски јадра, до 96 гигабајти на ECC меморија, со 11 терабајти простор за брзо складирање податоци, се до Nvidia Quadro 6000 и Nvidia Quadro 5000 графичките картички.

hp-rabotni-stanici

Новите работни станици ги вклучуваат најновите Intel Xeon процесори со осум јадра од фамилијата Е5-2600, нудат до 512 гигабајти DDR3 меморија и поддржуваат апликации на кои се потпираат голем број професионалци.

Најновите додатоци на водечката линија работни станици HP Z исто така ја вклучуваат третата генерација на PCI Express технологијата, пружајќи им на корисниците подобри перформанси и беспрекорна интеграција на новите графички картички. 

„Како лидер во индустријата на моќни работни станици, HP продолжува да вложува во технологијата која им овозможува на нашите клиенти да ги придвижуваат границите на инвентивноста“, вели Коби Елбаз, директорот на комерцијалните решенија на HP Personal Systems Group EMEA. „Нашите инвестиции во R&D технологијата доведоа до работни станици кои ги задоволуваат или надминуваат потребите на светските најпребирливи купувачи.

Би можело да ве интересира:

Мрачната страна на платформата Роблокс, што е хит и кај нас: Киднапирања, педофили, измами за пари Роблокс овозможува корисниците самите да креираат видеоигри, што значи единствен...
Безжични слушалки и уште пет секојдневни изуми што постојат благодарение на НАСА Малите камери на смартфоните се технологија што ја развиле инженерите од НАСА – ...
Мрачната страна на виралниот ChatGPT тренд: „Не знаете каде се складираат вашите податоци и фотки ил... „За помалку од еден час, вештачката интелигенција може да собере доволно податоц...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg