Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Бариста 07-05-2024


Twitter го затвори пребарувањето пријатели преку Instagram

twitter-go-zatvori-prebaruvajeto-prijateli-preku-instagram

Мрежата на микроблог Twitter ги затвори информациите за за своите корисници за мобилната апликација на Instagram, којашто на почетокот од април ја купи социјалната мрежа Facebook, објави на својата интернет страница компанијата Instagram.

„Twitter повеќе не им овозможува на своите корисници да пристапат за оваа информација во Instagram преку Twitter API (сет од алатки наменет за програмери - з.р.)“, се вели во соопштението коешто се појавува кога ќе се обидете преку Instagram да најдете пријатели од Twitter.

Администрација на Twitter го затвори за своите корисници пристапот за пребарување пријатели за сервисот Instagram по ажурирањето објавено на 26-ти јули. Корисниците кои не ја инсталирале оваа надградба, сé уште можат да пребаруваат во Instagram пријатели од Twitter.

Притоа микроблогот Twitter не ја одбива интеграцијата со Instagram за корисниците на фото сервисот, така што корисниците сé уште можат да објавуваат фотографии на Twitter.

Функцијата којашта помага да се најдат пријатели од другите сервисни ресурси, се реализира во една или друга форма на многу ресурси. На пример, како Twitter, така и Instagram им овозможуваат на корисниците да бараат свои опријатели од социјалната мрежа Facebook. А слична функција постои и кај најголемите светски социјални мрежи - корисниците на Facebook може да пребаруваат за своите пријатели од листата контакти од сервисот за електронска пошта Gmail, интернет телефонијата Skype, различните интернет месинџери.

Како што се забележува во изданието All Things Digital (ATD), овој чекор на Twitter може да биде насочен не против сервисот на Instagram, туку директно на социјалната мрежа Facebook. Додека оваа социјална мрежа сé уште не го завршила купувањето на Instagram, можно е дека Twitter се подготвува за моментот кога фото сервисот ќе стане сопственост на Facebook, пишува ATD.

Се проценува дека во светот има околу 200 милиони корисници на Twitter, од коишто според Yandex повеќе од 2,2 милиони се корисници на кириличниот сегмент.

Како што беше најавено во четвртокот од страна на претставниците на Instagram, бројот регистрирани корисници на сервисот надминал 80 милиони луѓе. Бројот корисници, пак, на Facebook надминува 955 милиони.

27.07.2012 (Макфакс)

Би можело да ве интересира:

Постојат 5 вида „зависници“ од мобилни телефони (и интернет) – На која група ѝ припаѓате вие? Дали се чувствувате изгубено ако во моментот паметниот телефон не ви е при рака ...
За да го избришете профилот на „Threads“ мора да си го избришете и профилот на Инстаграм - корисници... „Штом еднаш влезеш нема излегување“ – велат дел од корисниците што ја пробале но...
И Македонците си отвораат профили на „Threads“ – Каква е новата апликација на Марк Закерберг? Денес, 6-ти јули, беше лансирана новата апликација на Meta – Threads. Станува зб...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg