13 причини поради кои нема да го изгаснете својот Фејсбук профил

Со секоја нова опција која ја воведува Фејсбук, на таа социјална мрежа се јавува цела војска на незадоволни корисници кои најавуваат гаснење на својот профил.

13-pricini-poradi-koi-nema-da-go-izgasnete-svojot-facebook-profil

Иако со отворањето на корисничко име на Фејсбук ги изложуваме на злоупотреба нашите лични податоци од страна на социјалната мрежа, но и на нејзините деловни партнери, нејзината глобалност нè тера да ризикуваме. Bussines Insider наведува 13 причини поради кои би можеле засекогаш да бидеме корисници на Фејсбук.

1. Како ќе ги запомните родендените на пријателите?

2. Не сакате еден час да праќате мејл со десетици фотографии на исто толку адреси.

3. Како поинаку би ги шпионирале поранешните партнери?

4. Што би правеле без Фејсбук ако го немате телефонскиот број од пријателот или неговиот и-мејл? Барем знаете дека преку Фејсбук можете да дојдете до речиси секој кој има Фејсбук профил.

5. Твитер ви дозволува да користите 140 знаци. Што ќе правите ако сакате да напишете повеќе?

6. Колку луѓе зависат од игрите на Фејсбук?

7. Регистрирањето на нови веб страници преку Фејсбук трае две секунди.

8. Како ќе слушнете за забави и други случувања? Како ќе запомните каде и кога се одржуваат?

9. Вас не ве загрижуваат недоречените пораки и минатото на Фејсбук и Марк Зукерберг.

10. Секако, Фејсбук има проблеми околу приватноста на корисниците, но вие повеќе не се грижите за приватноста. Дали воопшто се сеќавате на времето кога не сте сакале да го користите своето вистинско име на Интернет?

11. И покрај сите досегашни промени не сте се откажале од Фејсбук, а нема ниту по Graph Search. Не сте се откажеле тогаш, па нема ни сега.

12. Како поинаку ќе останете во контакт со пријателите кои сте ги стекнале за време на студиите?

13. Фејсбук е една од најпопуларните iPhone апликации.

Би можело да ве интересира:

Како да ги отстраните малите гребаници на екранот на телефонот? Пастата за заби може да ви помогне да ги скриете малите гребаници на екранот, но...
За да го избришете профилот на „Threads“ мора да си го избришете и профилот на Инстаграм - корисници... „Штом еднаш влезеш нема излегување“ – велат дел од корисниците што ја пробале но...
Знаци дека телефонот можеби ви е хакиран (или некој се обидува да го хакира) Телефонот се загрева без причина и имате проблеми со перформансот, дури и ако им...
И Македонците си отвораат профили на „Threads“ – Каква е новата апликација на Марк Закерберг? Денес, 6-ти јули, беше лансирана новата апликација на Meta – Threads. Станува зб...
Постојат 5 вида „зависници“ од мобилни телефони (и интернет) – На која група ѝ припаѓате вие? Дали се чувствувате изгубено ако во моментот паметниот телефон не ви е при рака ...
Како да го спречите расипувањето на батеријата и да му го продолжите рокот на траење на смартфонот? Не купувајте евтини полначи и не ги игнорирајте надградбите за софтверот – како ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg