Популарната видео игра „Top Eleven 2015” претстави револуционерна гласовна функција „крик за вашиот тим“

Лондон, 1 април 2015 - „Top Eleven Be a Football Manager” (единаесетте најдобри – биди фудбалски менаџер), светски најпопуларната онлајн крос-платформа за спортски видео игри, во својата најнова верзија 2015 достапна на IOS и Андроид, претстави и команди кои се активираат на гласовна порака.

popularnata-video-igra-top-eleven-2015-pretstavi-revolucionerna-glasovna-funkcija-krik-za-vasiot-tim-01.jpg

Први во светот, Топ Единаесет менаџерите, сега ќе можат преку своите мобилни телефони да дадат команди  и да уживаат во инстант одговори од нивните играчи.

Искористувајќи ја моќта на аудио технологијата вклучена во најновите паметни телефони, гласовните знаци се анализираат во реално време преку единствен јазик на знаци во бранови, овозможувајќи лесна комуникација со машината.

Имплементирана по неколку години на истражувања и поради огромна побарувачка од корисниците, менаџерите сега можат директно да влијаат врз нивните тимови, на резултатите на теренот, преку викање или навивање за време на натпреварите.

popularnata-video-igra-top-eleven-2015-pretstavi-revolucionerna-glasovna-funkcija-krik-za-vasiot-tim-02.jpg

Никола Чавиќ член на тимот на Nordeus забележа дека иако технологијата е исклучително комплицирана и имаше краток период на бета тестирање, потенцијалот да се револуционизираат видео игрите, ги принуди да ја објават оваа ажурирана верзија денес.

Тој додаде: "Топ Единаесет има долга историја на технолошки подобрувања, но функцијата крик за вашиот тим е нашиот можеби најголем и највозбудлив развој до денес. Тој продолжи: "можеби е многу рано за финални заклучоци, но сакавме на фудбалските менаџери да им дадеме шанса да ја доживеат возбудата на викањето, да го видат притисок на теренот, и секако реакциите. Иако, според првите информации, имаме индикации дека викањето можеби не е соодветно за секоја социјална ситуација.

Би можело да ве интересира:

Знаци дека телефонот можеби ви е хакиран (или некој се обидува да го хакира) Телефонот се загрева без причина и имате проблеми со перформансот, дури и ако им...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg