Фејсбук конечно воведува „dislike“ копче

По прикажувањето на тоа како изгледаат канцелариите каде се одржува Фејсбук, Марк Цукербег даде и нова информација која е поврзана со оваа социјална мрежа. Фејсбук работи на создавање на ново копче „dislike“.

so-godini-se-barashe-a-sega-fejsbuk-kje-ima-i-dislike-kopce-01.jpg

Откако во 2009-та се појави копчето „like“, Фејсбук корисниците бараа да се направи и другиот тип на копче, а Цукерберг конечно најави дека барањето на корисниците ќе биде исполнето.

„Луѓето со години го бараат копчето „dislike“, па денес е посебен ден за нас, бидејќи конечно имам можност да кажам дека работиме на тоа и сме близу до пуштање на првиот тест“ – вели Цукерберг.

„Едноставно не можеш да го употребиш копчето „like“ за секоја објава. Не можеш да ставиш „like“ на нешто што е поврзано со тажна приказна или несреќа. Токму затоа, мислам дека е важно луѓето да имаат повеќе опции“ – додава тој.

Сепак, ова копче нема да се употребува во сите објави. Во продолжение Цукерберг изјавил дека целата намена на ова копче е да се изрази емпатија за оние кои објавиле некаква негативна ситуација и за да се изрази сочувство.

Би можело да ве интересира:

Мрачната страна на платформата Роблокс, што е хит и кај нас: Киднапирања, педофили, измами за пари Роблокс овозможува корисниците самите да креираат видеоигри, што значи единствен...
Мрачната страна на виралниот ChatGPT тренд: „Не знаете каде се складираат вашите податоци и фотки ил... „За помалку од еден час, вештачката интелигенција може да собере доволно податоц...

Најчитани неделава