Како да препознаете дали банкоматот ќе ви ги украде доверливите податоци?

Вадењето пари од банкомат и плаќањето со картичка веќе стана секојдневие на сите нас.

kako-da-prepoznaete-dali-bankomatot-kje-vi-gi-ukrade-doverlivite-podatoci-01.jpg

Со тоа се зголеми и бројот на измамници и стапката на криминал поврзан со банкоматите и платежните картички.

На измамниците им требаат само две работи за да ја злоупотребат вашата картичка: податоците кои се наоѓаат на магнетната лента и ПИН кодот.

За да ги украдат податоците, тие ги користат следниве уреди:

Скимер

Скимерите се уреди кои ги читаат податоците од магнетната лента на вашата картичка. Тие се прикачени над делот каде што се внесува картичката во банкоматот.

Кога некој ја внесува картичката, податоците кои таа ги содржи се пренесуваат преку скимерот до електронскиот уред на измамникот.

kako-da-prepoznaete-dali-bankomatot-kje-vi-gi-ukrade-doverlivite-podatoci-02.jpg

Скриени камери

Скриените камери се користат во комбинација со скимерите за да се добие видео од вашиот ПИН код. Камерата може да се постави на повеќе места: на самиот банкомат (кај тастатурата, над екранот итн.) или некаде во непосредна близина.

Понекогаш тие се толку мали што може и да се скријат во некој мал отвор на банкоматот.

kako-da-prepoznaete-dali-bankomatot-kje-vi-gi-ukrade-doverlivite-podatoci-03.jpg

Плоча над тастатурата

Ваквата плоча служи како лажна тастатура над вистинската и се користи за да го преземе вашиот ПИН код.

Плочата го памети овој код откако измамникот ќе ја отстрани, а преземените податоци потоа се декодираат.

kako-da-prepoznaete-dali-bankomatot-kje-vi-gi-ukrade-doverlivite-podatoci-04.jpg

Како да препознаете уред за читање на картичка?

Скимерите тешко се препознаваат бидејќи се направени да бидат скоро исти како банкоматот по форма, боја и материјал.

Но, има неколку знаци по кои можете да ги препознаете:

Ако банкоматот има видливи пукнатини, гребнатинки и други знаци на механичко оштетување

kako-da-prepoznaete-dali-bankomatot-kje-vi-gi-ukrade-doverlivite-podatoci-05.jpg

Ако банкоматот содржи невообичаени опции, додатоци или делови

kako-da-prepoznaete-dali-bankomatot-kje-vi-gi-ukrade-doverlivite-podatoci-06.jpg

Ако постојат разлики во бојата, формата, материјалот или начинот на изработка на одредени делови од банкоматот

kako-da-prepoznaete-dali-bankomatot-kje-vi-gi-ukrade-doverlivite-podatoci-07.jpg

Ако оотворот за внесување на картичката е нерамен или од него стрчат делови 

kako-da-prepoznaete-dali-bankomatot-kje-vi-gi-ukrade-doverlivite-podatoci-08.jpg

Како да се заштитите од измамници?

Речиси е невозможно детално да го проверувате секој банкомат од каде вадите пари.

Но, за да го намалите ризикот измамниците да ви ги украдат податоците, внимавајте на следниве работи:

Користете картичка со чип. Скимерите ги копираат податоците од магнетната лента, така што преземање на податоците од картичка што содржи чип е невозможно поради тоа што чипот има пософистицирана заштита.

kako-da-prepoznaete-dali-bankomatot-kje-vi-gi-ukrade-doverlivite-podatoci-09.jpg

Ставете опција да добивате смс-известувања од банката. Вака веднаш ќе знаете дали некој ви ја злоупотребил картичката и ќе можете побрзо да ја известите банката за да може побрзо да ви се вратат парите.

Покријте ја тастатурата со раката кога во впишувате ПИН кодот. На овој начин скриената камера нема да може да го сними ПИН кодот.

kako-da-prepoznaete-dali-bankomatot-kje-vi-gi-ukrade-doverlivite-podatoci-10.jpg

Вадете пари само од познати банкомати. Користете само познати банкомати и банкомати кои се наоѓаат на безбедни локации или пак во склоп на вашата банка.

Избегнувајте ги банкоматите кои се наоѓаат на улица или на локации со слабо улично осветлување, мали продавнички или затскриени делови од трговските центри.

Користете картичка само во одредени места, а кога патувате во странство, користете друга картичка. Можете и да поставите лимит на максималниот износ кој може да го повлечете од банкомат, како и да поставите ограничувања на купувањето со картичка преку интернет.

 

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Знаци дека телефонот можеби ви е хакиран (или некој се обидува да го хакира) Телефонот се загрева без причина и имате проблеми со перформансот, дури и ако им...
Постојат 5 вида „зависници“ од мобилни телефони (и интернет) – На која група ѝ припаѓате вие? Дали се чувствувате изгубено ако во моментот паметниот телефон не ви е при рака ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg