12 тајни со кои блогерите прават успешни фотки

7. Не се потпирајте на автоматското фокусирање

Обидете се со повеќе фокусни точки додека не го постигнете посакуваниот ефект.

12-tajni-so-koi-blogerite-pravat-uspesni-fotki-06.jpg

8. Испробајте повеќе агли

Понекогаш замислата не секогаш се реализира онака како што ја имаме во главата. Па затоа, испробајте и други опции.

12-tajni-so-koi-blogerite-pravat-uspesni-fotki-07.jpg

9. Заборавете на бесконечната низа од селфи

Селфи фотките се супер, но понекогаш добро е да ја разбиете монотонијата со ситниците кои ве опкружуваат. Посветете се на вашите хобија и интереси.

10. Водете се по правилото „нов ден – нова приказна“

Животот е полн со моменти кои вреди да ги погледнете низ објективот. Еден ден сликајте архитектура, а веќе друг сликајте го цвеќето кое се издвојува од многуте. Не следете една тема или поза.

12-tajni-so-koi-blogerite-pravat-uspesni-fotki-09.jpg

11. Доловете ја убавината на деталите

За добра фотка не ви треба многу – доволен е еден предмет. Понекогаш тој може да биде поинтересен од што сте очекувале.

12-tajni-so-koi-blogerite-pravat-uspesni-fotki-10.jpg

12. Искористете ги опциите за осветлување, затемнување, изострување...

Најлесно е да ставите ефект на фотографијата. Следен пат, обидете се да ја изострите со соодветната опција, да го зголемите или избледите контрастот, да ги нагласите сенките или точките во кои се одбива светлината... Ќе забележите дека ќе постигнете многу подобар ефект отколку со додавањето готов ефект.

М. Д. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Како онлајн предаторите можат да ги злоупотребат фотките што ги објавувате од вашите деца? „Онлајн предаторите можат да ги претворат фотографиите од децата во експлицитни ...
6 одлични бесплатни апликации за уредување фотки на Инстаграм Ако апликацијата за уредување на фотографиите не ви дава доволно добри можн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg