12 тајни со кои блогерите прават успешни фотки

Колку пати ви се случило да разгледувате нечии слики и да помислите „добро, како секогаш има подобри фотки од моите, а имаме ист мобилен со идентична камера?“

12-tajni-so-koi-blogerite-pravat-uspesni-fotki-001.jpg

Инстаграм е неизбежен дел од секојдневието, каде секоја ситница сакаме да ја прикажеме на најдобар можен начин – преку привлечна фотка.

Па, ова се тајните на блогерите и луѓето кои никогаш немаат лоши фотографии:

1. Чистата леќа на камерата е најважна

За да добиете добар контраст и посилни бои, секогаш пред да сликнете, избришете ја камерата од мек материјал. Најдобро е доколку имате марамче за очила при рака.

12-tajni-so-koi-blogerite-pravat-uspesni-fotki-01.jpg

2. Сликајте со обичната апликација

Не користете симнати апликации, туку секогаш сликајте со оригиналната опција од телефонот. Потоа секогаш можете да додадете ефекти, изострување или осветлување.

3. Колку повеќе слики – толку поголеми шанси за супер фотка

Кога правите фотка, не се срамете да се размрдате и разместите. Испробајте 5-6 агли, разни светлини и поставеност на предметите.

12-tajni-so-koi-blogerite-pravat-uspesni-fotki-02.jpg

4. Добро осветлување

Дневната светлина е секогаш е подобра опција, отколку насочена светилка или блиц.

12-tajni-so-koi-blogerite-pravat-uspesni-fotki-03.jpg

5. Не претерувајте со центрирањето

Не секогаш мора предметите да ви се во центарот на фотографијата. Не претерувајте со зумирањето, оставете малку простор и рамки.

6. Истото важи и за зумирањето

Најлошото што можете да го направите е да ја зумирате сликата со камерата. Наместо тоа, доближете се до делот кој сакате да го потенцирате. Така нема да го нарушите квалитетот на фотографијата.

12-tajni-so-koi-blogerite-pravat-uspesni-fotki-05.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Како онлајн предаторите можат да ги злоупотребат фотките што ги објавувате од вашите деца? „Онлајн предаторите можат да ги претворат фотографиите од децата во експлицитни ...
6 одлични бесплатни апликации за уредување фотки на Инстаграм Ако апликацијата за уредување на фотографиите не ви дава доволно добри можн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg