Тинејџери, директори и спортисти - сите се зависни од видео играта Fortnite која ги тера децата да одат на рехабилитација

Fortnite е видео игра којашто се состои од барање на оружја и ресурси во постапокалиптичен свет, во којашто главната цел е да останете последниот преживеан.

Site-se-zavisni-od-video-igrata-Fortnite-01.jpg

Оваа игра го довела синот на Деби Витани, 17-годишниот Карсон до степен на зависност. Тој ја игра играта по 12 часа дневно. Професорите се жалат дека како резултат на тоа заспива на часови и оцените му се сè послаби.

Ова не е проблем само на Витани, туку и на цела армија останати родители, професори, па дури и директори на фирми низ целиот свет зафатен со играта којашто ги цица часовите од животот на играчот, понекогаш и до таа мера што забораваат да ги извршуваат основните потреби.

Преку 200 милиони луѓе се регистрирани како играчи на играта Fortnite. Играта стана бизнис вреден стотици милиони долари за нејзиниот креатор, Epic Games Inc. а како резултат на тоа некои родители мораат да ги испратат своите деца на рехабилитација.

Site-se-zavisni-od-video-igrata-Fortnite-03.jpg

Fortnite за прв пат го лансираше својот популарен мод „battle royale“ во септември 2017 год., а оттогаш тој стана проблем не само за децата, туку и за многу возрасни.

Така, во Велика Британија се појавуваат околу 200 петиции коишто ја наведуваат оваа игра и други игри како причина за развод.

Професионалниот хокеарски тик од канадската лига Vancouver Canucks имал толку проблеми со Fortnite, што не можел да ги собере играчите на состаноци и вечери, па затоа целосно ја забраниле играта за хокеарите од тимот.

Site-se-zavisni-od-video-igrata-Fortnite-02.jpg

Бејзбол играчот за Boston Red Sox, Дејвид Прајс, испуштил дерби меч против New York Yankees, како резултат на воспален зглоб од прекумерно играње Fortnite.

Зависноста на играта се должи токму на модот „battle royale“ којшто е бесплатен и достапен да се игра не само на компјутер, туку и на мобилен, таблет и разни играчки конзоли.

Site-se-zavisni-od-video-igrata-Fortnite-04.jpg

Иако играта е бесплатна, сепак фирмата Epic наоѓа начин да заработи преку продажба на егзотични оружја или облека за играчите во играта. Како резултат на тоа многу родители изгубиле значителна сума на пари бидејќи не биле свесни дека нивните деца имаат пристап до кредитните картички.

За да се излекуваат од зависноста на децата им се одземаат сите технолошки помагала. Ова ги вклучува и мобилните телефони и се воспоставува режим со којшто тие имаат редовни оброци и доволно сон, од којшто се најмногу лишени како резултат на зависноста од Fortnite.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како онлајн предаторите можат да ги злоупотребат фотките што ги објавувате од вашите деца? „Онлајн предаторите можат да ги претворат фотографиите од децата во експлицитни ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg