Работи кои не треба да ги правите преку СМС пораки

Постојат многу причини зошто испраќањето пораки е несоодветно во ситуации во кои сакате да пренесете важни информации. Ова, пред сè, покажува непочитување.

Nekolku raboti koi ne treba da gi napravite preku SMS poraki 01

Исто така, СМС пораките не можат да ја пренесат пораката на вистинскиот начин, а можат да предизвикаат недоразбирања меѓу соговорниците, бидејќи еден од нив, на пример, не ја разбира вистинската намера на другиот.

Кога зборуваме очи во очи ретко ќе дојде до такво недоразбирање.

Ова се неколку работи кои не треба да ги правите и соопштувате преку СМС пораки:

Пренесување на добри вести

Денес е популарно да се објавуваат добри вести на социјалните мрежи, па, речиси, секој ден знаеме дека нашите пријатели се вериле, дека добиле нова работа или дека дипломирале.

Не постои ништо контроверзно во врска со тоа, но понекогаш е подобро да разговарате со најблиските луѓе преку телефон или во живо за таквите позитивни промени во вашиот живот.

На овој начин ќе им покажете дека го цените нивното пријателство и дека имаат специјална, привилегирана положба во однос на другите луѓе.

Раскинување на врска

Без разлика дали сте биле заедно со години или само неколку месеци, вашиот партнер заслужува да му кажете во живо дека ја раскинувате вашата врска.

Раскинување преку порака е најлошото нешто што можете да го направите за некого. На овој начин се покажувате во лошо светло и ја откривате вашато ароганција, како и вашиот кукавичлук.

Nekolku raboti koi ne treba da gi napravite preku SMS poraki 02

Откривање на доверливи информации

Можеби имате доверба во луѓето кога им испраќате пораки со доверливи информации, но при честите хакерски напади побезбедно е да разговарате во живо.

Ова е особено важно кога станува збор за испраќање на финансиски информации, деловни тајни или фотографии за кои не сакате да излезат во јавноста.

Расправија со партнерот

Сигурно некогаш сте се расправале со вашиот партнер преку пораки. Понекогаш се случува расправиите од реалниот свет да продолжат на овој начин. Ве советуваме да го одбегнете овој вид на комуникација.

Речиси е сигурно дека нема да ги решите проблемите со партнерот ако го нападнете со пораките. Никој не сака да одговара на километарски пораки со километарски пораки.

Покрај тоа, пораките го кријат вашиот тон на глас и израз на лицето кои попрецизно ја откриваат вашата вистинска намера.

Nekolku raboti koi ne treba da gi napravite preku SMS poraki 03

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

И Македонците си отвораат профили на „Threads“ – Каква е новата апликација на Марк Закерберг? Денес, 6-ти јули, беше лансирана новата апликација на Meta – Threads. Станува зб...
Постојат 5 вида „зависници“ од мобилни телефони (и интернет) – На која група ѝ припаѓате вие? Дали се чувствувате изгубено ако во моментот паметниот телефон не ви е при рака ...
6 одлични бесплатни апликации за уредување фотки на Инстаграм Ако апликацијата за уредување на фотографиите не ви дава доволно добри можн...
Како да го спречите расипувањето на батеријата и да му го продолжите рокот на траење на смартфонот? Не купувајте евтини полначи и не ги игнорирајте надградбите за софтверот – како ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg