Подарок кој ќе го посакате веднаш – камера која вади инстант фотки

Дали сте од оние луѓе кои имате илјадници фотки во телефонот и ниту една испечатена на фото хартија? Замислете вашата мала камера веднаш да ја печати фотката, слично како ретро полароидите?

Kamera-koja-vadi-instant-fotki-01.jpg

Новата инстант камера со принтер, во комбинација со апликацијата којашто е едноставна за користење, е она што сите очекувавме да го добиеме со развојот на технологијата, откако ги снема полароид камерите.

Kamera-koja-vadi-instant-fotki (1).jpg

Позитивните работи на оваа принтер/камера се:

  • Дигитална камера и мобилен принтер во едно
  • Интересна опција за снимање звук
  • Апликацијата работи одлично
  • LCD екран
  • Можност за зголемување на меморијата со Micro SD картичка

Негативностите се:

  • Слаба батерија, а батеријата не се заменува
  • Нема креативни филтри за фотографирање
  • Ограничени опции за мобилно печатење фотографии

Kamera-koja-vadi-instant-fotki-02.jpg

Има причина зошто Fujifilm сè уште го има зборот филм во името, а тоа е Instax Mini LiPlay. Ова е најновиот модел на инстант филм камера и не е само камера, туку е и мобилен принтер. Всушност, тоа е повеќе мобилен принтер со прикачена дигитална камера од напред и LCD екран одзади.

Овој начин на размислување дозволува да се намали цената на чинење на производот, па така нема многу да ви смета што камерата нема некои завидни перформанси (дури можеби ќе можете со вашиот паметен телефон да извадите и подобри фотки), но затоа ќе може да ви приреди инстант задоволство по цена од само 160 долари.

Kamera-koja-vadi-instant-fotki (2).jpg

Исто така, позитивната страна на овој тип на инстант камера е што може да одберете кои фотографии сакате да бидат испечатени, а можете и да испратите фотографии преку телефонот директно на инстант принтерот за печатење, иако не сте ги сликале со него.

Kamera-koja-vadi-instant-fotki (3).jpg

Една забавна опција на оваа камера којашто оди во пакет со апликацијата за неа, е опцијата за фотографирање со звук. Го притискате копчето со микрофон на камерата и додека фотографирате се снима звук. Оваа фотографија потоа може да се испечати со QR код, којшто кога ќе се скенира ќе ве однесе на линк каде што ќе може да го слушнете звукот и да ја видите целата фотографија без кодот.

За оваа цена, овој тип на камера е одлична инвестиција којашто може да внесе многу забава во вашиот живот.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Знаци дека телефонот можеби ви е хакиран (или некој се обидува да го хакира) Телефонот се загрева без причина и имате проблеми со перформансот, дури и ако им...
Како да ги отстраните малите гребаници на екранот на телефонот? Пастата за заби може да ви помогне да ги скриете малите гребаници на екранот, но...
Како онлајн предаторите можат да ги злоупотребат фотките што ги објавувате од вашите деца? „Онлајн предаторите можат да ги претворат фотографиите од децата во експлицитни ...
Како да го спречите расипувањето на батеријата и да му го продолжите рокот на траење на смартфонот? Не купувајте евтини полначи и не ги игнорирајте надградбите за софтверот – како ...
Митови за iPhone кои не се точни (и можат да ви го расипат уредот) Ако исклучите Bluetooth ќе заштедите батерија и телефоните се отпорни на вируси ...
5 апликации со кои можете да го контролирате времето пред екран на вашето дете Една од подобрите апликации е Qustodio, која ви овозможува да поставите дневни о...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg