Како да ја одржите разумноста во време кога сите сме зависни од социјални мрежи?

Повеќе од една третина возрасни личности сметаат дека социјалните мрежи влијаат негативно на нивното ментално здравје. Само пет проценти веруваат дека се корисни, а 45% сметаат дека социјалните мрежи имаат и позитивни и негативни ефекти.

Sest soveti koi ke vi pomognat da ja odrzite razumnosta vo vremeto na socijalnite mrezi 01

Докажано е дека социјалните мрежи влијаат врз депресијата, бидејќи евоцираат чувство на завист, ниска самодоверба и социјална вознемиреност.

Психолозите имаат шест совети кои ќе ви помогнат да ја одржите разумноста во времето на социјалните мрежи...

1. Поставете си точно време за пребарување на социјалните мрежи

Да кажеме, после појадок или кафе, и држете се кон тоа. Не дозволувајте си да ги „лајкате“ објавите на непознатите странци додека јадете со личноста што ја сакате или додека поминувате време со своите деца.

2. Периодите за детоксикација се одлични, ќе видите

Испланирајте еден ден неделно да го користите вашиот телефон како што го користевте порано „фиксниот“. Ако сакате да се договорите за нешто со некого, јавете им се, се сеќавате како се прави тоа?

3. Обрнете внимание на тоа како се чувствувате

Ако сте уморни, престанете да ги пребарувате страниците. Легнете, одморете. Ако сте нервозни, не си создавајте дополнителна напнатост гледајќи ги туѓите „совршени“ животи.

Слушајте го тој разумен дел од себе, што повремено ве потсетува дека животот не е тоа што го гледате на Инстаграм.

Sest soveti koi ke vi pomognat da ja odrzite razumnosta vo vremeto na socijalnite mrezi 02

4. Повремено, запрашајте се зошто го правите ова?

Ако првото нешто што го правите кога ќе ги отворите очите е „скролање“ за да видите дали сте пропуштиле нешто додека спиевте, запрашајте се зошто го правите тоа?

Обидете се да си го поставите истото прашање - зошто - секој пат кога ќе посакате да ги гледате социјалните мрежи.

5. Бидете пребирливи

Со текот на времето, веројатно сте „акумулирале“ многу пријател. Бирајте, навистина. Ако не сте пиеле кафе со некој во живо, зошто би кореспондирале преку Фејсбук?

Sest soveti koi ke vi pomognat da ja odrzite razumnosta vo vremeto na socijalnite mrezi 03

6. Не дозволувајте социјалните мрежи да ви го заменат реалниот живот

Ако вашата пријателка добила бебе, во ред е да ги погледнете нејзините фотографии и да видите што има ново. Но ако бебето има веќе шест месеци, а вие сè уште не сте го запознале… прашајте се дали сакате да бидете таква личност.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да ги отстраните малите гребаници на екранот на телефонот? Пастата за заби може да ви помогне да ги скриете малите гребаници на екранот, но...
Знаци дека телефонот можеби ви е хакиран (или некој се обидува да го хакира) Телефонот се загрева без причина и имате проблеми со перформансот, дури и ако им...
Како да го спречите расипувањето на батеријата и да му го продолжите рокот на траење на смартфонот? Не купувајте евтини полначи и не ги игнорирајте надградбите за софтверот – како ...
5 апликации со кои можете да го контролирате времето пред екран на вашето дете Една од подобрите апликации е Qustodio, која ви овозможува да поставите дневни о...
Како онлајн предаторите можат да ги злоупотребат фотките што ги објавувате од вашите деца? „Онлајн предаторите можат да ги претворат фотографиите од децата во експлицитни ...
6 одлични бесплатни апликации за уредување фотки на Инстаграм Ако апликацијата за уредување на фотографиите не ви дава доволно добри можн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg