Прва македонска апликација за запознавање

Дека и македонските производи се во тек со светските покажува и најновата македонска апликација за спојување МЧет.

prva-makedonska-aplikacija-za-zapoznavanje-01.jpg

МЧет е локациски базирана мобилна апликација која ги прикажува корисниците на апликацијата подредени по далечина, а истите можат да се видат и на мапа. Точната локација на корисниците никогаш не се открива, поради безбедносни и причини поврзани со приватноста на корисниците.

Освен што корисниците можат да се видат по далечина, Мчет нуди и неколку дополнителни функции. Корисниците можат да листаат профили на други корисници и да ставаат лајк или дислајк, доколку двајца корисници взаемно стиснат лајк следи совпаѓање, со што корисниците можат да остварат контакт по пат на текстуални пораки, кои се интегрирани во апликацијата.

Исто така, корисниците можат да ги следат најновите објави од нивните пријатели и да коментираат на истите, а можат и да читаат актуелни новости, претежно од забавен карактер.

prva-makedonska-aplikacija-za-zapoznavanje-02.jpg

Користењето на оваа апликација е бесплатно, но доколку сакате достапност до привилигирани функции, можете да станете и премиум корисник за само 1.49 долари на месец. Апликацијата работи на Android и IOS уреди, а може да ја преземете на следниве линкови: Google Play (Android) и App Store (iOS)

Би можело да ве интересира:

За да го избришете профилот на „Threads“ мора да си го избришете и профилот на Инстаграм - корисници... „Штом еднаш влезеш нема излегување“ – велат дел од корисниците што ја пробале но...
И Македонците си отвораат профили на „Threads“ – Каква е новата апликација на Марк Закерберг? Денес, 6-ти јули, беше лансирана новата апликација на Meta – Threads. Станува зб...
6 одлични бесплатни апликации за уредување фотки на Инстаграм Ако апликацијата за уредување на фотографиите не ви дава доволно добри можн...
Постојат 5 вида „зависници“ од мобилни телефони (и интернет) – На која група ѝ припаѓате вие? Дали се чувствувате изгубено ако во моментот паметниот телефон не ви е при рака ...
5 апликации со кои можете да го контролирате времето пред екран на вашето дете Една од подобрите апликации е Qustodio, која ви овозможува да поставите дневни о...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg