Партнерот на Програмата за Развој на ОН, Samsung, во поддршка на Глобалните цели

Нова мобилна апликација и специјално издание на додатоци претставени за подигнување на свеста на Целите за одржлив развој

partnerot-za-programata-za-razvoj-na-on-samsung-vo-poddrska-na-globalnite-celi-01.jpg

ЊУ ЈОРК, САД 14 август, 2019 – Samsung Electronics Co., Ltd. и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) го претставија новото партнерство во поддршка на Целите за одржлив развој (ЦОР), познати како Глобални цели. Глобалните цели се осврнуваат на некои од најголемите предизвици низ целиот свет, вклучувајќи ги и тие поврзани со нееднаквоста, деградацијата на климата и животната средина и едукацијата.

Samsung и УНДП ги спојуваат своите сили за да им овозможат едноставни начини на Galaxy корисниците да се здружат за да ги поддржат Глобалните цели и да се посветат на проблемите кои најмногу им значат. Преку оваа нова иницијатива, Samsung и УНДП ќе ја издадат апликацијата ‘Samsung Глобални цели’, апликација базирана на едукација и донација, заедно со изданија на специјални додатоци.

„Сега, повеќе од било кога, ние го имаме потенцијалот да ја искористиме моќта на технологијата за да се посветиме на најголемите проблеми во светот,“ порача DJ Koh, Претседател и CEO of IT & Mobile Communications, Samsung Electronics. „Нашето партнерство со Програма за развој на Обединетите нации (УНДП) ќе им овозможи на корисниците на Galaxy на лесен, значаен начин да научат за Глобалните цели и да ги поддржат целите кои им се важни на нив за сите заедно да направиме нешто што ќе има влијание.“

Samsung и УНДП веруваат дека клучниот чекор во справување со Глобалните цели е да се зголеми свесноста и разбирањето на предизвиците кои овие цели ги сметаат за значајни и зашто тие се важни. Како додатен чекор, Samsung и УНДП обезбедуваат едноставни начини за луѓето да донираат и да помогнат во справувањето со предизвиците и да ги поттикнат своите делувања кои се потребни за остварување на Глобалните цели.

„Ова партнерство со УНДП и Samsung не само што ќе ја искористи технолошката иновација во остварување на Целите за одржлив развој, туку ќе ја мотивира наредната генерација на глобални граѓани да делуваат и да ги остварат целите заедно,“ вели Achim Steiner, УНДП Администратор. „Само преку наше заедничко делување – приватниот сектор, граѓанското општество и луѓето низ целиот свет – можеме да имаме значајно влијание и да го промениме светот кон подобро.”

partnerot-za-programata-za-razvoj-na-on-samsung-vo-poddrska-na-globalnite-celi-02.jpg

‘Samsung Global Goals’ апликацијата, достапна на Samsung Galaxy смартфоните, цели кон зголемување на свеста и собирање на средства за УНДП да ја оддржи својата работа низ целиот свет. Додатно, Samsung ќе извади специјално издание на додатоци, од кои ќе се донира дел од приходот од продажбата на секој додаток директно во УНДП за поддршка на Глобалните цели. Маската за Galaxy Note10 со дизајнирана тема на Глобалните цели и безжичниот полнач ќе бидат претставени на самото претставување на уредот.

Новата ‘Samsung Global Goals’ апликација ќе им овозможи на корисниците ефективни и лесни начини како да научат повеќе за секоја од 17. Глобални цели и да учествуваат во мали дела за да помогнат во поддршката на темите кои најмногу им значат. Секој може да ја користи апликацијата за да донира директно за Глобалните цели преку УНДП официјалната веб страница. Корисниците на Galaxy можат лесно да донираат за Глобалните цели доколку изберат вклучување во рекламирање во апликацијата. Корисниците на Galaxy ќе може да донираат 100 проценти од приходот кој рекламите на Samsung би го генерирале за Глобалните цели.

Апликацијата ќе биде достапна на 19 јазици и ќе биде пре-инсталирана на Galaxy Note10, додека за другите смартфони ќе биде достапна подоцна2. Специјалното издание на додатоците ќе биде достапно преку Samsung.com и во одредени продажни места на Samsung Experience во САД и Кореја.

За повеќе информации за Samsung Global Goals, посетете ја https://news.samsung.com/galaxy, www.samsungmobilepress.com или www.samsung.com/global/galaxy/apps/samsung-global-goals.

* Сите карактеристики и сервиси може да се разликуваат зависно од пазарот и мобилниот оператор.

* Сите најави и информациите за производот во овој документи, вклучени, но не ограничени на, деталите, достапноста, времето на аплиацијата и специјалните изданија на производите се подложни на промени без претходно известување.

partnerot-za-programata-za-razvoj-na-on-samsung-vo-poddrska-na-globalnite-celi-03.jpg

За Samsung Electronics Co., Ltd.

Самсунг го инспирира светот и ја обликува иднината со своите трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на Телевизорите, смартфоните, уредите дизајнирани за носење, таблетите, дигиталните апарати, мрежните системи, и меморијата, LSI системи, леењето и ЛЕД технологијата. За најновите вести, Ве молиме посетете ја Samsung Newsroom на http://news.samsung.com.

За УНДП

Партнерите на Програмата за развој на Обединетите нации заедно со луѓето од сите нивоа на општеството помагаат во градењето на нациите кои можат да издржат кризи и да го движат развојот на сите видови на раст кои го подобруваат квалитетот на живот за секој. На терен во околу 170 држави и територии, нудиме глобални перспективи со локално вклучување за да ги подобриме животите и изградиме издржливи нации. www.undp.org.

Би можело да ве интересира:

6 одлични бесплатни апликации за уредување фотки на Инстаграм Ако апликацијата за уредување на фотографиите не ви дава доволно добри можн...
За да го избришете профилот на „Threads“ мора да си го избришете и профилот на Инстаграм - корисници... „Штом еднаш влезеш нема излегување“ – велат дел од корисниците што ја пробале но...
И Македонците си отвораат профили на „Threads“ – Каква е новата апликација на Марк Закерберг? Денес, 6-ти јули, беше лансирана новата апликација на Meta – Threads. Станува зб...
5 апликации со кои можете да го контролирате времето пред екран на вашето дете Една од подобрите апликации е Qustodio, која ви овозможува да поставите дневни о...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg