Лајкамобајл лансираше 4G LTE услуги

Лајкамобајл, најголемиот интернационален мобилен виртуелен мрежен оператор, денеска го објави лансирањето на 4G LTE податочни услуги во земјава преку мрежниот оператор оне.Вип, член на А1 Телеком Австрија Групацијата како регионален партнер.  

lycamobile-lansirase-4g-lte-uslugi.jpg

Со овозможувањето на 4G LTE услугите, македонските корисници на Лајкамобајл добиваат пристап до напредни мобилни податочни услуги, со брзини до 10 x поголеми во споредба со претходната 3G инфраструктура. Подобреанта 4G LTE услуга, ќе им овозможи на секој од индивидуалните корисници на Лајкамобајл значително полесно да пристапуваат на високо квалитетни податочни услуги со големи брзини, истовремено нудејќи побрзи, подоверливи симнувања на содржини и можности за сурфање на инернет, без било какви дополнителни трошоци.

Со 4G LTE услугите на Лајкамобајл се очекува да биде покриено над 96% од населението во државата.

Претседалеот на Лајка Групацијата Алирајах Субашкаран, истакна:

Во Лајкамобајл, ние сме посветени да им обезбедиме на нашите корисници најдобри можни услуги по најконкурентни цени, овозможувајќи им да се поврзат едноставно со нивните најблиски насекаде во светот. Лансирањето на 4G во Република Северна Македонија е демонстрација на оваа определба и дел од тековниот развој на 4G низ сите наши глобални пазари.

Овој развој го следи трендот на лансирање на 4G LTE улсуги од страна на Лајкамобајл во низа други пазари, од кои последни се Тунис во 2018 и Италија и Шпанија во 2017 година.

Би можело да ве интересира:

Мрачната страна на платформата Роблокс, што е хит и кај нас: Киднапирања, педофили, измами за пари Роблокс овозможува корисниците самите да креираат видеоигри, што значи единствен...
Мрачната страна на виралниот ChatGPT тренд: „Не знаете каде се складираат вашите податоци и фотки ил... „За помалку од еден час, вештачката интелигенција може да собере доволно податоц...

Најчитани неделава