Што никогаш не смее да објавите на Фејсбук?

Фејсбук стана гугл на социјалните мрежи. Ако моментално не пишувате статус, веројатно барате соодветна слика или решавате некој квиз.

Ovie raboti nikogas no nikogas ne treba da gi objavuvate na Fejsbuk 01

На Фејсбук објавуваме многу детали за нашиот личен живот што нормално не би ги споделувале со никого. Сметаме дека сме безбедни сè додека имаме поставки за приватност кои ни дозволуваат безгрижно да ги споделуваме информациите во кругот на пријатели.

Проблемот е што никогаш не можеме да знаеме кој ги гледа нашите натписи и профил. Профилите на нашите пријатели можат да бидат пробиени додека се инсталираат некои „необични“ апликации или нивните роднини и пријатели можат да го користат нивниот профил.

За ваша безбедност, како и на вашето семејство, постојат одредени информации што никогаш не треба да ги ставате на Фејсбук:

Целосни датуми на раѓање на вас и вашето семејство

Сите сакаме да добиваме честитки за роденден од нашите пријатели. Проблемот со целосниот датум е што со истото им даваме информација на крадците на идентитите. Најдобро е да не го објавувате датумот на раѓањето, но ако баш морате, барем испуштете ја годината.

Вашите вистински пријатели ќе ги знаат овие информации и без Фејсбук.

Љубовен статус

Без разлика дали сте во врска или не, најдобро е ова да не го споделувате со сите. Некои луѓе ќе го искористат истото против вас. На пример, ако сте го смениле статусот во сингл, тоа им дава зелено светло за да можат да ве „опседнуваат“ сега кога сте повторно слободни.

Ова, исто така, им дава информации дека сте потенцијално сами дома. Најдобрата опција е да го оставите овој дел празен.

Ovie raboti nikogas no nikogas ne treba da gi objavuvate na Fejsbuk 02

Каде се наоѓате

Многу луѓе сакаат и со задоволство ја користат можноста да обезбедат директни информации за тоа каде се наоѓаат во кој момент. Проблемот е што на овој начин им кажавте на сите дека сте биле, на пример, на празници (а не дома).

Ако додадете информација до кога сте на пат, крадците ќе знаат колку време имаат за да можат да ве ограбат. Советот не е воопшто да не зборувате за вашите патувања. Секогаш можете да ставите слики од одмор на пат кон дома.

Слики на деца поврзани со нивните имиња

Сите ги сакаме нашите деца. Би направиле сé за да ги заштитиме, но повеќето луѓе објавуваат стотици слики и видеа од нивните деца, обележани со нивните имиња, дури и без размислување. Некои луѓе дури објавуваат профилни слики со нивните деца.

Веројатно 9 од 10 родители го објавиле полното име на своите деца, датумот и времето на раѓањето и сл. Оваа информација можат да ја користат предатори за да ги намамат вашите деца.

Истите можат да го користат името на вашето дете и името на нивните роднини и пријатели за да изградат доверба и да го убедат вашето дете дека тие воопшто не се странци, бидејќи имаат детални информации што им овозможуваат да градат врска со вашето дете.

Ако веќе мора да објавувате слики од вашето дете, испуштете ги личните информации како што се полно име и датум на раѓање.

Ovie raboti nikogas no nikogas ne treba da gi objavuvate na Fejsbuk 03

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да ги отстраните малите гребаници на екранот на телефонот? Пастата за заби може да ви помогне да ги скриете малите гребаници на екранот, но...
За да го избришете профилот на „Threads“ мора да си го избришете и профилот на Инстаграм - корисници... „Штом еднаш влезеш нема излегување“ – велат дел од корисниците што ја пробале но...
Знаци дека телефонот можеби ви е хакиран (или некој се обидува да го хакира) Телефонот се загрева без причина и имате проблеми со перформансот, дури и ако им...
И Македонците си отвораат профили на „Threads“ – Каква е новата апликација на Марк Закерберг? Денес, 6-ти јули, беше лансирана новата апликација на Meta – Threads. Станува зб...
Постојат 5 вида „зависници“ од мобилни телефони (и интернет) – На која група ѝ припаѓате вие? Дали се чувствувате изгубено ако во моментот паметниот телефон не ви е при рака ...
Како онлајн предаторите можат да ги злоупотребат фотките што ги објавувате од вашите деца? „Онлајн предаторите можат да ги претворат фотографиите од децата во експлицитни ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg