HUAWEI Assistant - TODAY ја доби светски познатата награда за дизајн „Red Dot” 2020

Huawei Assistant – TODAY е награден со „Оскар“ во дизајнерската индустрија - наградата „Red Dot“ на „Brand & Communication Design“.

huawei-assistant-today-ja-dobi-svetski-poznatata-nagrada-za-dizajn-red-dot-2020-01.jpg

Наградата Red Dot е една од трите светски награди за дизајн, заедно со наградата IF Design (Германија) и Меѓународните награди за извонредност IDEA (Америка). Во согласност со мотото на Red Dot „во потрага по добар дизајн и креативност“, оваа награда ги докажува напорите и посветеноста на Huawei за континуирана иновација и интелигентно корисничко искуство. Брендот беше меѓу ретките избрани да добијат награди оваа година, а илјадници учесници се натпреваруваа за овој меѓународно признат печат за исклучителен дизајн на квалитет.

huawei-assistant-today-ja-dobi-svetski-poznatata-nagrada-za-dizajn-red-dot-2020-02.jpg(Red dot design award 2020 announced HUAWEI UCD Center wins 8 design awards)

HUAWEI Assistant - TODAY е вашиот личен асистент, лоциран лево од главниот екран на паметниот телефон. Се активира со само едно повлекување надесно. Со тоа, Huawei им нуди на потрошувачите ново ниво на интелигентни перформанси, помагајќи им да најдат услуги и информации кога и каде се потребни. TODAY исто така обезбедува брз пристап до разни услуги без преземање на апликацијата. Од второто тримесечје на 2020 година, HUAWEI Assistant им го олеснува животот на повеќе од 310 милиони корисници во повеќе од 170 земји секој ден.

Во однос на дизајнот на производот, HUAWEI Assistant - TODAY нуди интелигентно интегрирано корисничко искуство. Функцијата обезбедува услуги какви што се Search & Discovery, Quick access, Smart service dynamics & Content recommendation - сите достапни со само еден допир. Асистентот исто така ги учи вашите преференции и нуди препораки кои го прават целокупното корисничко искуство многу поинтуитивно и оптимизирано.

Со HUAWEI Assistant - TODAY, корисниците сега можат лесно да побараат какви било апликации, поставки и датотеки на своите паметни телефони додека го пребаруваат својот личен информативен канал за интересни информации. Покрај сето ова, клучна карактеристика на HUAWEI Assistant се паметните сервисни карти, кои прикажуваат известувања и потсетници засновани на потребите на корисниците. На пример, со картата за спорт, корисниците можат постојано да бидат информирани за нивниот омилен тим додека добиваат потсетник, клучни детали и ажурирани информации поврзани со претстојното патување, благодарение на картата за патување.

huawei-assistant-today-ja-dobi-svetski-poznatata-nagrada-za-dizajn-red-dot-2020-03.jpg(HUAWEI Assistant · TODAY won the Red Dot Award: Brands & Communication Design)

HUAWEI Assistant – TODAY ќе продолжи да се развива кон уште попаметни услуги за своите клиенти во насока на подобрување на нивниот секојдневен живот. За таа цел, Huawei постојано бара начини да го оптимизира искуството на корисниците од гледна точка на потрошувачите со тоа што им обезбедува личен асистент во нивните секојдневни активности.

За наградата за дизајн на Red Dot: Основана во 1955 година во Германија, наградата Red Dot Design е една од трите светски награди за дизајн, заедно со наградата iF Design (Германија) и Меѓународните награди за дизајн на извонредност на IDEA (Америка). Со над 18,000 учества во конкуренција, наградата Red Dot Design се докажа како еден од најбараните квалитетни симболи за добар дизајн на меѓународно ниво. Победниците се претставени во годишници, музеи и на Интернет. Повеќе информации можете да најдете на www.red-dot.de.

Би можело да ве интересира:

За да го избришете профилот на „Threads“ мора да си го избришете и профилот на Инстаграм - корисници... „Штом еднаш влезеш нема излегување“ – велат дел од корисниците што ја пробале но...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg