А1 Македонија го усоврши „Славчо” - четбот базиран на вештачка интелегенција

Скопје, 10 септември 2020г. – А1 Македонија со задоволство ја најавува најновата и усовршена верзија на виртуелниот експерт базиран на вештачка интелигенција - „Славчо”, со уште повеќе функционалности, дизајниран да понуди помош и поддршка за сите прашања на корисниците поврзани со услугите на А1.

a1-makedonija-go-usovrshi-slavcho-chetbot-baziran-na-veshtachka-intelegencija-01.jpg

„Четботот ‘Славчо’ е дел од А1 Гуру платформата преку која корисниците имаат можност да добијат одговори на своите прашања без да посетуваат продажни салони или да се јавуваат во Контакт Центарот и на едноставен начин да пристапат до виртуелниот асистент што ќе одговори на сите нивни прашања, но и ќе им помогне во надминување на било каква техничка потешкотија со нивните услуги. Со неговото усовршување, А1 Македонија ја потврдува својата определба да обезбеди дигитални алатки кои овозможуваат наједноставен и најлесен начин за комуникација со своите корисници и го прави процесот на набавка и користење на услугите од богатото портфолио пријатно искуство”, изјави Методија Мирчев, Извршен директор на А1 Македонија.

„Славчо” е првиот виртуелен експерт во форма на четбот со човечки карактеристики кој може да комуницира на македонски јазик, притоа разбирајќи кирилица и латиница. Освен помош при избор на телефонски уред, виртуелниот експерт може да понуди помош и техничка поддршка за користење на мобилни и фиксни услуги на А1 - интернет, телефонија и телевизија, помош за брзо, безбедно и едноставно плаќање на месечните сметки, проверка на состојбата на сметка и надополнување на кредит за припејд корисниците, активирање, деактивирање на услуги и пакети, како и информации за тарифи и промоции.

Четботот се справува со повеќе области на знаење со тоа што инкорпорира комбинација на модули за длабинско учење и машинско учење кои се одговорни за разбирање на контекст и составување на пораки.

Комуникацијата со „Славчо” е целосно бесплатна, a за да се допишуваат со него, корисниците треба едноставно во пребарувачот да пристапат преку веб страницата на А1 Македонија или преку апликациите Viber и Facebook Messenger.

Повеќе информации можете да најдете на www.a1.mk

Би можело да ве интересира:

Мрачната страна на платформата Роблокс, што е хит и кај нас: Киднапирања, педофили, измами за пари Роблокс овозможува корисниците самите да креираат видеоигри, што значи единствен...
Опседнати сте со ChatGPT, премногу му верувате: Дали страдате од „AI психоза“? Иако засега не е официјална дијагноза, таканаречена AI психоза претставува состо...
Мрачната страна на виралниот ChatGPT тренд: „Не знаете каде се складираат вашите податоци и фотки ил... „За помалку од еден час, вештачката интелигенција може да собере доволно податоц...

Најчитани неделава