Еден ден со HUAWEI MateBook 13 - компактен лаптоп за софистицирани луѓе

Дури и да се сметате за човек кој не може лесно да биде освоен, верувам дека HUAWEI MateBook 13 ќе ви го побие овој став. Еден ден е доволно...

eden-den-so-huawei-matebook-13-kompakten-laptop-za-sofisticirani-lugje-01.jpg

Бизнис состаноците ни се одвиваат онлјан, образовниот систем од 1-ви октомври ни стартува со онлајн настава, Еми наградите се одржаа онлајн... Односно живееме нова реалност во која и работата и забавата во најголем дел ни се одвиваат онлајн, па токму затоа квалитетен лаптоп ни е неопходен.

Ако сакаме да сме чекор пред сите и да не сме во константна трка со времето, тогаш потребен ни е новиот HUAWEI MateBook 13. Само со лаптоп од ваков ранг ќе успееме да бидеме трендсетери на секое поле. А нема ништо послатко од тоа да се биде прв, зарем не?

eden-den-so-huawei-matebook-13-kompakten-laptop-za-sofisticirani-lugje-08.jpg

Овој лаптоп го добив на еднодневна дружба и од срце можам да кажам дека има дизајн што освојува на прв поглед, лесен е и компактен и изобилува со перформанси на завидно ниво...  HUAWEI MateBook 13 е лаптоп со пристапна цена кој дефинтивно ќе ги задоволи сите ваши потреби.

eden-den-so-huawei-matebook-13-kompakten-laptop-za-sofisticirani-lugje-02.jpg

Уште на самиот старт ќе бидете воодушевени од Fingerprint Power Button на HUAWEI MateBook 13, кој има оптимизиран BIOS-систем што ви овозможува да го отворите и користите вашиот лаптоп во само еден чекор. Безбедноста ви е загарантирана. 

Ќе спиете мирно знаејќи дека доверливите податоци од работа, како и фотографиите од вашите приватни албуми, од кои дел дефинитивно не се за јавност, ви се безбедни.

eden-den-so-huawei-matebook-13-kompakten-laptop-za-sofisticirani-lugje-12.jpg

Импресивниот 13-инчен FullView екран и соодносот од 88% помеѓу екранот и алуминиумското тело ми овозможија да уживам во извршувањето на работните обврски. Си избирав режим на удобност за очи и балансот на бојата се прилагодуваше автоматски, а моите очи не чувствуваа замор, па тоа ми дозволи и вечерта да имам желба да ѝ се посветам на мојата омилена серија.

Во текот на денот со часови пишував статии, пребарував информации и обработував фотографии и искрено не ни забележав кога поминале 8-те работни часа. Навистина не почувствував никаква тегоба, така што ноќта си ја резервирав за добар филмски маратон.

Неговата сива боја (Space Gray нијанса) прави да изгледа префинето и примамливо на око. Дефинитивно модерен лаптоп за софистицирани луѓе. Неутралноста на сивата прави овој лаптоп совршено да прилега и со највпечатливите модни парчиња кои ќе ги изберете за вашиот стајлинг (ако сте од оние луѓе кои сакаат комплетен изглед). 

eden-den-so-huawei-matebook-13-kompakten-laptop-za-sofisticirani-lugje-04.jpg

Екранот на HUAWEI MateBook 13 со 2K резолуција (2160 x 1440) и 100% sRGB (типична вредност) открива светли и живописни слики со богати детали. Соодносот 3:2 на екранот е идеален за читање и пишување. Работата дефинтивно ми се одвиваше со леснотија, а јас уживав истражувајќи за медиумот во кој работам.

Дури и кафе паузата со задоволство ја искористив за читање на дело онлајн од богатата книготека на фондацијата Македоника.

Дисплеј:
Големина:
13 инчи
Тип:
IPS
Сооднос на екранот-тело:
88%
Резолуција:
2160 x 1440.200 ППИ
Бои:
100% sRGB gamut на бои: (типичен)
Контраст:
1000 : 1
Максимално осветлување:
300 јазли (типично)
Сензор за светлина
Агол на гледање:
178 степени
Сооднос:
3 : 2

Тежок е само 1.31 кг, има тенка метална рамка и изгледа модерно и првокласно. Дефинитивно станува збор за моќна машина за луѓе со стил.

Ако и вие работите на терен, со гордост ќе ја покажувате вашата нова омилена „алатка“, која нема да ви го отежнува движењето.

eden-den-so-huawei-matebook-13-kompakten-laptop-za-sofisticirani-lugje-07.jpg

Уште повоодушевувачки се моќноста и брзината со која ги извршува сите задачи, дури и кога работите на 3 проекти паралелно. Можеби вам ви „чади“ главата, но тој останува ефикасен и брз.

Прави да се чувствувате сигурно, а дури и кога се ближат крајните рокови ви ја „билда“ самодовербата дека ќе успеете со самото тоа што знаете дека тој никогаш не потфрла. Нормално, не смеете ниту вие.

Плус, вентилаторот HUAWEI на Shark Fin 2.0 може да се излади уште побрзо со двоен вентилатор што постигнува 25% поголема брзина од вообичаените вентилатори. Брзо и тивко го подобрува протокот на струја за подобро работно искуство. Со оваа технологија, можете да уживате во континуиран и непречен проток на работа, дури и кога користите повеќе апликации или дури и играте игри или пак некој од вашите внуци го прави тоа. Сигурно постои тоа едно дете во вашето секојдневие на кое сѐ му е дозволено.

eden-den-so-huawei-matebook-13-kompakten-laptop-za-sofisticirani-lugje-05.jpg

Напојуван со процесор AMD Ryzen 5 3500U, со интегрирана компјутерска моќ и 4-јадрен и 8-јадрен компјутер за 12мм процес, HUAWEI MateBook 13 ги надминува своите перформанси за 12%. Благодарение на новата генерација на Radeon Vega 8 Graphics, визуелните перформанси се зголемени и за 11%. 

Опремен со голема брзина SSD со PCIe NVMe и DDR4 RAM архитектура, HUAWEI MateBook 13 обезбедува пет пати повеќе капацитет за читање и три пати повеќе капацитет за пишување од SATA SSDs.

Паралелно ќе штедите и време и нерви и пари, а мислам дека тоа е одлична формула за успех и добро расположение.

Перформанси:
Процесор
AMD Ryzen™ 5 3500U
Графика
Radeon™ Vega 8 графика
Меморија
8 GB DDR4
Простор
256 / 512 GB PCIe SSD

Ќе се вљубите во него и поради издржливата батерија која ќе ви дозволи да работите непречено со часови.

eden-den-so-huawei-matebook-13-kompakten-laptop-za-sofisticirani-lugje-11.jpg

Големата батерија од 41.8 Wh (типична вредност) го одржува работниот тек подолго. HUAWEI MateBook 13 има USB-C полнач од 65 W, што е многу повеќе од обичен полнач. Исто така, поддржува HUAWEI SuperCharge за одредени паметни телефони на Huawei. Уште една потврда дека станува збор за брз, еколошки и преносен уред без кој нема да можете да си го замислите животот.

Колку помалку грижи секој ден, толку повеќе насмевки, а добро знаеме како велат - „денот без насмевка е изгубен ден“. Пребрзото празнење на батеријата повеќе не смее да биде „убиецот“ на нашата ведрина.

Батерија
Материјал:
Литиум-полимер
Капацитет:
41.8 Wh (типичен капацитет)

Одлична опција е што со само еден допир, вашиот паметен телефон и Huawei MateBook 13 може да се поврзат во еден супер уред, дури и без интернет врска. По поврзувањето, екранот на вашиот паметен телефон ќе се појави на лаптопот и лесно ќе може да пренесуватe и да управувате со датотеки додека го користите телефонот за разговор. Опцијата Huawei Share дефинтивно ќе ви го олесни животот во многу ситуации.

Од документи до фотографии, сега лесно ќе префрлите сѐ. Повеќе нема потреба од кабли и здодевни процедури.

Безжичен:
Wi-Fi:
IEEE 802.11a/b/g/n/ac,
2.4 GHz и 5 GHz,
2 x 2 MIMO
WPA / WPA2 / WEP
Bluetooth:
БТ 5.0
Компатибилен со BT 4.2, BT 4.1, BT 3.0 и BT 2.1 + EDR

Влезови
USB-C X 2 (Левиот излез поддржува пренесување на податоци и полнење, а десниот излез поддржува пренос на податоци.
HUAWEI MateBook 13 има два вградени USB-C излези кои поддржуваат протокол 3.1 Gen1 и имаат теоретска стапка на трансфер од 5 Gbps. Вистинската брзина може да варира во зависност од употребата на USB-C уред од трети страни. )
3.5 мм слушалки и 2 во 1 приклучок за слушалки и микрофон x 1

eden-den-so-huawei-matebook-13-kompakten-laptop-za-sofisticirani-lugje-09.jpg

Од овој лаптоп нема да се одделите дури и по завршувањето на вашето работно време. И во времето наменето за релаксација со чаша освежителен пијалак и добра музика повторно ќе го искористите вашиот HUAWEI MateBook 13, затоа што тој е опремен со аудио системот Dolby Atmos® кој создава неверојатно и волшебно акустично искуство. Ќе потонете во вашите омилени хитови и ќе уживате во богатите звуци.

Аудио
Звучник x 2
Дигитален микрофон x 2

Камера
1 MP предна камера
Видео запис / Видео чат
Индикатор на камерата

HUAWEI MateBook 13 ќе биде вашиот нов омилен сопатник од утро до вечер.

eden-den-so-huawei-matebook-13-kompakten-laptop-za-sofisticirani-lugje-06.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Постојат 5 вида „зависници“ од мобилни телефони (и интернет) – На која група ѝ припаѓате вие? Дали се чувствувате изгубено ако во моментот паметниот телефон не ви е при рака ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg