Даниел Кајмакоски ПОБЕДИ во „Твоето лице звучи познато“
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Продавач 19-03-2019


Даниел Кајмакоски ПОБЕДИ во „Твоето лице звучи познато“

Синоќа се збогувавме со уште една сезона на регионалното шоу кое ви ја развеселуваше неделната вечер – Твоето лице звучи познато, и тоа со победа на Даниел Кајмакоски.

daniel-kajmakoski-zasluzen-pobednik-vo-3ta-sezona-na-tvoeto-lice-zvuci-poznato-1.jpg

Во финалето почесно место имаше и нашиот Даниел, а негови противници беа Ивана Петерс, Никола Роквиќ, Каја Остојиќ и Неша Бриџис.

Ивана во финалната епизода беше во кожата на извонредно тешката Сиа, Каја беше Алиша Кис, Даниел се најде во улога на Швеѓанецот Монс Селмерлев кој го освои првото место на Евровизија во 2015-та, Неша овојпат беше Питбул, додека Никола Роквиќ се најде во улога на Ален Исламовиќ.

daniel-kajmakoski-zasluzen-pobednik-vo-3ta-sezona-na-tvoeto-lice-zvuci-poznato-4.jpg

Победникот се одбираше преку смс гласови и иако борбата беше тесна со фантастичниот Никола Роквиќ, Даниел победи и освои 25.000 евра кои ќе ги подари на самохрана мајка од Куманово.

daniel-kajmakoski-zasluzen-pobednik-vo-3ta-sezona-na-tvoeto-lice-zvuci-poznato-3.jpg

„Наградата сакам да и ја доделам на една самохрана мајка од Куманово која има ќерка со која боледуваат од иста болест, а за лечење потребни им се 100.000 евра.

Пресреќен сум! Сите се боревме и се трудевме ова шоу да биде добро и благодарен сум што имам можност на некој да ја подарам мојата награда, ова е прекрасно чувство. Ми беше тешко да одлучам на кого да помогнам“ - беше победничката изјава на Даниел.

daniel-kajmakoski-zasluzen-pobednik-vo-3ta-sezona-na-tvoeto-lice-zvuci-poznato-2.jpg

daniel-kajmakoski-zasluzen-pobednik-vo-3ta-sezona-na-tvoeto-lice-zvuci-poznato-5.jpg

Во случај да го пропуштивте победничкиот настап на Даниел со Heroes, заедно со група млади танчари, задолжително изгледајте го до крај:

Сите настапи на Даниел погледнете ги тука.

М. Д. | Црнобело