Прва победа: Тијана Дапчевиќ маестрална во улогата на Лејди Гага во ТЛЗП (видео)
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Менаџер 20-09-2021


Прва победа: Тијана Дапчевиќ маестрална во улогата на Лејди Гага во ТЛЗП (видео)

Тијана Дапчевиќ повторно покажа дека има завиден вокал и актерски способности на високо ниво.

tijana dapcevikj maestralna vo ulogata na lejdi gaga vo tlzp video 01

Тијана Дапчевиќ во втората епизода од четвртата сезона на музичкото шоу „Твоето лице звучи познато“ доби задача да ја имитира Лејди Гага. Нејзината изведба беше маестрална, а членовите од жирито ја опсипаа со зборови полни пофалби.

Тијана откри дека ѝ е вистинска чест и задоволство да имитира светска дива од калибарот на Лејди Гага.

tijana dapcevikj maestralna vo ulogata na lejdi gaga vo tlzp video 02

„Лејди Гага е инспиративна и провокативна. Добив ужасно тешка песна за изведба, но знам дека ќе ја исполнам одлично. Гага е врвен забавувач“, изјави Тијана пред да се појави на сцената во улога на пејачката која години наназад ги поместува границите во музиката на светско ниво.

Нејзината задача беше да го изведе настапот на Лејди Гага на песната „Мillion reasons“ на модното шоу на Викторија Сикрет во Париз.

https://www.youtube.com/watch?v=eeafBPG6naM

Тијана блесна на сцената во светкав комбинезон со палто, а потоа во долг црвено-црн фустан, идентичен на оној на Гага. За време на настапот ја придружуваа најубавите српски манекенки во долна облека, кои водителката на шега ги нарече ангелите на ТЛЗП.

Погледнете го маестралниот настап на Тијана:

https://www.youtube.com/watch?v=JX8n8UwTIAs

Тијана успеа да ја понесе победата во оваа епизода и со вкупно 82 поени досега се најде на првото место на листата со кандидати.

prva-pobeda-tijana-dapcevikj-maestralna-vo-ulogata-na-lejdi-gaga-vo-tlzp-video-2-2.jpg

Во наредната епизода ќе ја видиме во улогата на Џастин Тимберлејк.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Твоето лице звучи познато, 4-та сезона: Тијана Дапчевиќ како Здравко Чолиќ (видео) Уште на самиот почеток на четвртата сезона од музичкото шоу Твоето лице звучи по...
Тијана Дапчевиќ со акробации како Пинк во полуфиналето на ТЛЗП, Каролина горда на неа (видео) За учеството во ТЛЗП Тијана Дапчевиќ откажала поголем дел од своите ангажмани за...
Како котира Тијана Дапчевиќ на листата на ТЛЗП по најновиот настап? (видео) Тијана, Беби Дол и Бане Видаковиќ имаа одличен настап при кој го исцедија и посл...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg