Тијана Дапчевиќ со одлична имитација на автентичната Беби Дол во ТЛЗП (видео)

Пејачката и актерка, која нѐ прави горди од епизода во епизода, нашата Тијана, и овој пат се справи со предизвикот на најдобар можен начин.

tijana-dapchevikj-so-odlichna-imitacija-na-avtentichnata-bebi-dol-tlzp-01.jpg

На средината од четвртата сезона на музичкото шоу „Твоето лице звучи познато“ Тијана Дапчевиќ ја видовме во улогата на поп-рок пејачката Драгана Шариќ, попозната како Беби Дол.

Покрај тоа што Тијана требаше да се најде во улогата на еден навистина уникатен уметник, целата ситуација ѝ ја отежни тоа што на само неколку метри од неа, на клупата помеѓу натпреварувачите, седеше и самата Беби Дол.

View this post on Instagram

A post shared by Tijana Dapčević (@tijana.dapcevic)

Беби Дол е многу инспиративна и автентична личност и навистина е тешко да се симне секој нејзин потег и начинот на кој таа пее“, изјави Тијана пред настапот и додаде дека советот од Беби Дол ѝ бил дека пред неа стои навистина тешка задача со тешка песна и дека во текот на пеењето не треба никаде да зема воздух, затоа што таа самата така правела при изведбата на оваа песна.

И покрај предизвикот, Тијана на настапот, со долга руса перика и мини розово фустанче од тул, повторно блесна со сиот свој сјај. Таа имаше одлична изведба на песната „Да причамо о љубави“, а потоа подеднакво квалитетно ни ја донесе и „Мустафа“.

tijana-dapchevikj-so-odlichna-imitacija-na-avtentichnata-bebi-dol-tlzp-02.jpg

Жирито, во кое овој пат гостуваше Марија Шерифовиќ, имаше само пофални зборови за настапот.

Ти не можеш ништо лошо да направиш“, „Феноменален настап со оригинално доловени потези и глас“, „Ти си една од ретките личности кои може толку да го доближи својот глас до специфичната нијанса на Беби Дол беа само дел од коментарите. Кон пофалните зборови за имитацијата се приклучи и Беби Дол.

Погледнете го уникатниот настап на Тијана:

https://www.youtube.com/watch?v=uw7n8lcfd40

С. С. | Црнобело

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg