Секоја чест: Брилијантната Тијана Дапчевиќ го освои 2-рото место во финалето на ТЛЗП (видео)
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Менаџер 20-09-2021


Секоја чест: Брилијантната Тијана Дапчевиќ го освои 2-рото место во финалето на ТЛЗП (видео)

Тијана Дапчевиќ  заврши на второто место во ТЛЗП, со само 26 гласа помалку од победникот Стеван Анѓелковиќ.

sekoja-chest-brilijantnata-tijana-dapchevikj-go-osvoi-vtoroto-mesto-vo-finaleto-na-tlzp-video-01.jpg

Заврши 4-тата сезона на хуманитарното шоу „Твоето лице звучи познато“, а финалната емисија беше јаготката на шлагот.

12 емисии со уште толку одлични настапи од секој учесник и 3 месеци уживање за сите сетила со талентот на натпреварувачите.

sekoja-chest-brilijantnata-tijana-dapchevikj-go-osvoi-vtoroto-mesto-vo-finaleto-na-tlzp-video-03.jpg

Меѓу нив се најде и Тијана Дапчевиќ која од емисија во емисија нѐ маѓепсуваше со моќниот вокал и бескрајната посветеност на совршено доловување на улогите кои ги добиваше.

Без разлика дали беше светска поп икона или локална фолк ѕвезда за неа секоја улога беше лесно достижна. Токму во тој дух мина и нејзиниот настап во улогата на Фреди Меркјури.

Таа самата го избра овој изведувач бидејќи вели дека е најдобриот музичар и шоумен на сите времиња и токму затоа Фреди односно групата Квин ѝ биле први на листата што ја пополнила при пријавувањето во ТЛЗП.

„Ова е најлесната задача за мене затоа што растев со неговата музика, приватно го слушам, негов голем негов обожавател сум, тој е најголемиот уметник што постои, така што нема да ми биде проблем да влезам во улогата, сметам дека ова ќе биде одлична имитација“, изјави Тијана пред настапот и додаде дека секоја точка во изминатиот период ѝ носела радоста, а луѓето од шоуто ѝ станале како семејство и навистина ќе ѝ недостигаат.

На сцената Тијана ги отпеа „Who wants to live forever“ и „The show must go on“ со мустаќи на лицето, црн костим, кој во текот на изведбата го замени со жолто палто и имаше комплетно огнен настап. Вокалната изведба и овојпат ѝ беше совршена, а публиката ја поддржа со овации.

sekoja-chest-brilijantnata-tijana-dapchevikj-go-osvoi-vtoroto-mesto-vo-finaleto-na-tlzp-video-05.JPG

Жирито, во кое гостуваше музичарот Тончи Хуљиќ, уште еднаш ја прогласи за брилијантен изведувач кој заслужува медал за храброст.

Елена Ристеска, која беше дел од ТЛЗП во 2014 година, овојпат гостуваше во ревијалниот дел. Таа ја отпеа песната „Текила“, а на сцената се појави со провокативен аутфит и многу танчари. За да го погледнете нејзиниот настап кликнете тука.

sekoja-chest-brilijantnata-tijana-dapchevikj-go-osvoi-vtoroto-mesto-vo-finaleto-na-tlzp-video-07.jpg

По гласањето од публиката Тијана заврши на второто место со само 26 гласа помалку од пејачот Стеван Анѓелковиќ, кој ја понесе победата со настапот во улогата на Елвис Присли.

Стеван доби 25.000 евра кои ќе бидат доделени на дечињата заболени од рак, а и парите од СМС гласовите на гледачите исто така ќе одат во хуманитарни цели.

За да го погледнете настапот на Тијана кликнете тука.

sekoja-chest-brilijantnata-tijana-dapchevikj-go-osvoi-vtoroto-mesto-vo-finaleto-na-tlzp-video-02.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Твоето лице звучи познато, 4-та сезона: Тијана Дапчевиќ како Здравко Чолиќ (видео) Уште на самиот почеток на четвртата сезона од музичкото шоу Твоето лице звучи по...
Тијана Дапчевиќ со акробации како Пинк во полуфиналето на ТЛЗП, Каролина горда на неа (видео) За учеството во ТЛЗП Тијана Дапчевиќ откажала поголем дел од своите ангажмани за...
Како котира Тијана Дапчевиќ на листата на ТЛЗП по најновиот настап? (видео) Тијана, Беби Дол и Бане Видаковиќ имаа одличен настап при кој го исцедија и посл...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg