Најинтересните игри на Фејсбук


Најинтересните игри на Фејсбук

igri-na-facebook-povekjeСигурно поминувате долги часови безделничејќи на Фејсбук користејќи секакви бескорисни апликации. Зошто тогаш да не пробате и да си го направите...

 

...поминатото време интересно со некоја од овие игри:

igri-na-facebook

Who has the biggest brain?

Една од најпопуларните игри на Фејсбук може за својата популарност да се заблагодари на една од основните човечки особини: зависта. Не би си допуштиле некаде да пишува дека вашите пријатели имаат поголем мозок од вас, зар не? Епа, во тој случај морате многу многу да вежбате и да играте логички игри во оваа апликација за вие да бидете на прво место т.е. најпаметните помеѓу вашите пријатели.

Parking mania

Знаеме дека оваа игра сме ја виделе секаде, на секоја можна платформа и во сите можни верзии, но едноставно е навистина забавна и интересна. Ако ги погледнете топ листите, стварно нема да ви биде јасно како некои луѓе ги паркираат автомобилите на практично невозможни места за неколку секунди. Одговорот е едноставен - вежба, вежба и само вежба.

Pet society

Се поголем замаф помеѓу најпознатите Фејсбук игри. Целта на играта е да го чуваш своето милениче, да го бањаш, храниш, чистиш, да му купуваш јадење, облека, намештај и луксузни работи. Но, од каде пари за ова? Одиш да ги посетуваш миленичињата на твоите пријатели и да се дружиш, бакнуваш и гушкаш со нив, одиш на стадион да се тркаш за награди... Вистинска зараза!

Životinjsko carstvo

Оваа игра многу звучи како албумите кои ги собиравме во детството! Да, тоа е тоа! Албумите кои ги собиравме како деца сега ги има на Фејсбук и нивната вечна популарност ја докажуваат и 140.000 активни корисници на апликацијата кои секојдневно разменуваат сликички со своите пријатели.

 

Доколку ни една од овие игри не ви фаќа око, тогаш на igri.crnobelo.com сигурно ќе најдете нешто по ваш вкус.

Би можело да ве интересира:

Трик прашање: Колку време ви треба за да ги испиете таблетите? Појдовте на доктор и добивте прецизно упатство. Колку време ќе ви биде потребно ...
Квиз: Како седите со партнерот на каучот открива каква ви е врската Дали седите на различни каучи или на ист кауч? Дали се допирате само со рака или...
Квиз - препознај го лажгото: Која од четирите жени не ја кажува вистината? Сите би сакале да имаме вграден скенер кој на прв збор ќе може да го препознае л...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg