Играте ли фер?

Следи тест кој на некои од вас ќе им помогне да откријат дали се фер играчи, или повеќе спаѓаат во оние кои мамат? На следните десет прашања, морате...

 

... да одговорите искрено, а одговарајте едноставно со "ДА" или "НЕ":

1. Дали некогаш сте ја откриле тајната која сте ветиле дека нема да ја кажете никому?

2. Дали сте се јавиле на работа дека сте болни, а вистината е дека сте биле само мрзеливи?igrate-li-fer-1

3. Дали некогаш сте уништиле нешто туѓо, а подоцна сте се обиделе да ја прекриете направената штета?

4. Кога некој не ви се допаѓа, се извлекувате на сите можни начини, но никогаш нема да му кажете во лице дека не ви се допаѓа?

5. Дали некогаш во друштво сте испуштиле непријатни гасови, а потоа згрозено сте прашале кој би можел да биде виновникот?

6. На просјаците им кажувате дека немате ситно, иако имате?

7. Избегнувате ли да платите паркинг, ТВ- претплата или се "шверцате" во автобус?

8. Ако ве прашаат пријателките како нешто им стои, им велите ли дека изгледаат супер, иако личат на вреќи?

9. Би го носеле ли новиот фустан, а потоа да се обидете да го вратите тврдејќи дека не е облечен?

10. Дали некогаш сте украле нешто од вашите пријатели или роднини, било да е тоа отворач за пиво или парфем - тестер?


Пет или повеќе одговори со ДА

Вие сте личност која смета дека за своите лични потреби, подобро е да се прекрие вистината. Сепак, прекривањето на вистината често нанесува болка и штета на другите. Меѓутоа на тој начин си штетите и самите на себе, бидејќи оставате впечаток на недоверлива личност. Морате да знаете дека никој не е совршен, но ако верувате доволно самите во себе и знаете да ја признаете вистината, тогаш и другите ќе имаат повеќе доверба во вас.

Би можело да ве интересира:

Кој број треба да стои на местото на прашалникот? Погледнете ја фотографијата со три илустрации, па врз база на двата одговори, об...
Квиз: Која е вашата идеална секс поза во лето? (18+) Дали сте од оние кои поради жештините избегнуваат секс кога надвор е +30 степени...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg