Имате шанса да му помогнете на Шерлок да реши 6 убиства: Како ќе се снајдете?


Имате шанса да му помогнете на Шерлок да реши 6 убиства: Како ќе се снајдете?

Сите обожаваме да гледаме детективски и криминалистички серии, прашувајќи се како ние би се снашле да сме во улогата на некој ултра интелигентен Шерлок. Еве ви шанса.

imate-shansa-da-mu-pomognete-na-sherlock-da-reshi-6-ubistva-kako-ke-se-snajdete-001.jpg

Следните 6 убиства имате шанса да ги решите сами.

Даден ви е случајот, а вие размислувајте колку сакате пред да обвините некого.

Имате шанса да му помогнете на Шерлок да реши 6 убиства: Како ќе се снајдете?
  1. 1.

    Прво убиство: Жртва - аристократ

    Џорџ Смит бил убиен во неделата вечер. За време на убиството во неговиот дом имало 5 лица – сопругата, личниот готвач, батлерот, хигиеничарката и градинарот.

    Сите раскажале што правеле за време на убиството:

    • Сопругата читала книга покрај каминот.
    • Готвачот подготвувал појадок.
    • Батлерот им давал насоки на работниците во дневната соба.
    • Хигиеничарката ги миела садовите.
    • Градинарот ги поливал цвеќињата во стаклената градина.

    Веднаш по изјавите, Шерлок знаел кој треба да биде уапсен како убиецот.

    Што мислите вие - кој?

    Одговор
  2. 2.

    Второ убиство: Лошо смислено убиство

    Шерлок разговарал со доктор во чекалната, кога еден маж сиот задишан и загрижен влетал во просторијата со извици „Некој пукал во мојата сопруга.“

    Откако бил распрашан што точно се случило, ја дал следнава изјава:

    „Бев на работа и жената која чисти ми се јави да ми каже дека нешто страшно ѝ се случило на мојата сопруга. Рече дека се јавила во Брза помош и сопругата ја однеле на интензивна нега. Излегов од работа колку побрзо можев и еве сега сум тука.“

    Откако господинот ја завршил приказната, Шерлок решил да го приведе за обид за убиство.

    Зошто?

    Одговор
  3. 3.

    Трето убиство: Жртва - татко на тројца синови

    Еден милионер бил застрелан во неговиот дом. Шерлок зборувал со тројцата синови, Џек, Џон и Џејмс, кои биле дома.

    • Џек рекол дека вечерта нивниот татко бил со него и со Џон на официјален настан. Кога влегле дома, отишле до дневната соба сите заедно. Кога татко им тргнал по скалите нагоре кон спалната соба, влегол Џејмс и го застрелал.
    • Џон ја потврдил приказната на Џек.
    • Џејмс рекол дека бил кај пријател да гледа натпревар. Кога се вратил дома, тврдел дека неговиот татко веќе лежел мртов.

    На Шерлок веќе сè му е јасно, знае кој од тројцата синови лаже.

    Дали знаете вие?

    Одговор
  4. 4.

    Четврто убиство: За време на романтично патување

    Господин и госпоѓа Клајд отишле на романтично патување на планина. Но, 2 дена подоцна господин Клајд се вратил дома сам. Отишол во полиција со тврдење дека госпоѓа Клајд паднала и починала на лице место.

    Следниот ден Шерлок го обвинил господин Клајд за убиство на неговата сопруга.

    Клајд ја признал вината и го прашал Шерлок како ја открил вистината.

    Шерлок признал дека само ги проверил деталите за нивното патување и резервацијата. Од таму ги дознал информациите кои му биле потребни.

    Што открил?

    Одговор
  5. 5.

    Петто убиство: Убиство со 4 пријатели во куќата

    Мери и Бен живееле со нивните 4 пријатели. Еден ден, Бен се вратил дома и ја нашол Мери мртва на каучот. Повикал полиција.

    Со полицијата пристигнал и Шерлок, кој ги распрашал 4-те пријатели што правеле во моментот кога убиството се случило.

    • Миа рекла дека била во кујната половина ден, бидејќи подготвувала ручек за да го однесе кај родителите на нејзиното момче.
    • Џон рекол дека читал книга во градината. Тврдел дека ретко влегувал дома дента, бидејќи времето било убаво.
    • Џенифер рекла дека била во базенот цели 3 часа.
    • Џејн тврдела дека цртала во нејзината соба.

    Шерлок побарал сите да му ги покажат дланките. Врз база на тоа открил кој лаже.

    Кој од 4-те пријатели бил обвинет?

    Одговор
  6. 6.

    Шесто убиство: Жртва - непознат човек

    Едно утро, еден полицаец и неговата сопруга имале жестока расправија, по што тој тргнал на работа без клучеви и мобилен.

    Кога се вратил дома вечерта, го видел Шерлок, неговата исплашена сопруга и непознат маж забоден со нож.

    Сопругата на полицаецот ја раскажала нејзината приказна:

    „Седев во дневната соба кога слушнав дека некој заѕвоне на вратата. Мислев дека е мојот сопруг и ја отворив вратата. Но, непознатиот човек ме турна, па го забодев со нож.“

    Шерлок наредил да ја приведат сопругата на полицаецот, заради обид да го убие него. Непознатиот човек бил погрешна жртва.

    Како го открил ова?

    Одговор

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што кажува вашата омилена боја на кармин за вас и вашиот карактер? Можеби ви звучи чудно, но секој избор што го правите, вклучувајќи го и одбирањет...
Тест на личноста: Замислете го вашиот дом од соништата - со каква боја ќе го бојадисате? Дали ќе се одлучите за сигурна опција како белата боја или ќе бидете храбри со и...
Резервирани, емпатични или саркастични: Што кажува обликот на вашите уши за вас? Дали реагирате бурно на работите или животот го прифаќате со леснотија, формата ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg