-->
Загатка: Каде е еврото?
Тројца седеле на ручек во кинески ресторан. Сите нарачале ист оброк кој чинел 10 Евра. Откако се најале, келнерот на сите им наплатил по 10 евра.
Отишол кај газдата и му ги предал парите. Газдата се налутил:
„Си направил грешка! Кога тројца јадат ист оброк, треба да наплатиш само 25 евра!“ и му вратил 5 евра за да ги врати на гостите.
Келнерот не знаел како да им ги подели 5-те евра на гостите, па за себе си задржал 2, а на секој од гостите им вратил по 1 евро.
Колку платил секој од гостите?
- Секој дал по 10 евра. Им вратиле по едно евро => им останале 9 евра.
- 3x9 = 27 евра
- + 2 евра во џебот на келнерот => 29 евра
Што се случило со 1 евро и каде е?
Би можело да ве интересира:

Тест на личноста: Животното што ќе го видите прво открива какви сте во љубовта
Што значи ако видите птица или можеби коњ или...? Тестирајте се какви сте во уло...