Загатка: Лага и вистина

test-laga-i-vistina-povekjeЗаробени сте во замок и вашиот чувар решил да ве стави во искушение да бидете ослободени, но при тоа соочувајќи ве со голем ризик. Ве насочуваат кон 2 врати...


...пред секоја од нив стои по еден стражар.

test-laga-i-vistina

Едната врата води кон бесилка на која ќе бидете обесени доколку ја изберете таа врата, а другата води дирекно кон излезот од замокот и вашата слобода.

Кажано ви е дека едниот стражар постојано лаже, а другиот може само да ја кажува вистината.

Немате никаков показател кој стражар лаже, а кој ја кажува вистината, ниту пак, која врата каде води.

Вашиот чувар ви дозволува да поставите само ЕДНО прашање.

На почетокот помислувате дека е невозможно, но во еден момент добивате инспирација. Прашувате едно прашање и без проблем го добивате точниот одговор која врата води кон вашата слобода.

Ја избирате точната врата, и ја добивате вашата слобода.

Кое е прашањето што ќе го поставите?


Решение:

Ќе прашате било кој стражар „Која врата би ми кажал другиот чувар дека треба да ја отворам?“ и потоа ќе ја изберете спротивната од одговорот.

Да претпоставиме дека вратата А води кон слобода, а вратата Б води кон смрт. Доколку го прашате стражарот кој секогаш ја кажува вистината (без да знаете дека е тој, нормално), тој би ви одговорил искрено, дека другиот чувар би ве насочил да ја отворите вратата Б.

Доколку пак, го прашате стражарот кој секогаш лаже (повторно без да знаете дека е тој), тој би ве излажал, и би ви одговорил дека другиот стражар би ве упатил кон вратата Б.

Значи морате секогаш да ја изберете спротивната врата од онаа кон која ќе ве насочи било кој од двајцата стражари.

Интересно, зар не?

Би можело да ве интересира:

Квиз: Која е вашата идеална секс поза во лето? (18+) Дали сте од оние кои поради жештините избегнуваат секс кога надвор е +30 степени...
Кој број треба да стои на местото на прашалникот? Погледнете ја фотографијата со три илустрации, па врз база на двата одговори, об...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg