Вежби за концентрација и мозочна кондиција

vezbi-za-koncentracija-i-mozocna-kondicija-povekjeИстражувањето на американските научници покажало дека личностите кои секојдневно решаваат логички игри имаат 63% помали шанси да...


...заболат од деменција, во споредба со оние кои не го напрегаат мозокот да размислува. Ова се неколку вежби кои функционираат како „теретана“ за мозокот.

1. Именувајте ги боите.

Оваа вежба е наменета за да ја тренира силата на нашата концентрација. Изговарајте ги брзо и на глас боите во кои се обоени буквите, но немојте да ги читате зборовите. Повторете ја оваа постапка два пати да видите дали можете да бидете успешни и колку сте сконцентрирани.

vezbi-za-koncentracija-i-mozocna-kondicija-1

2. Во само 7 зборови.

Тестирајте ја својата креативност. Обидете се да напишете кратка приказна со само 7 зборови. Овој тест би требало да ја поттикне работата на фронталниот дел од мозокот и да ви помогне во секојдневниот живот. Дали сте знаеле дека креативноста е една од главните карактеристики на генијалците?

3. Ден на спротивностите.

Овој тест е наменет за создавање на невронска врска во вашиот мозок, а се изведува така што ја користите недоминантната рака. Ако сте деснак, ја користите левата, а ако сте левак ја користите дената. Користете ја недоминантната рака во секојдневните работи, мијте ги забите, чешлајте се, јадете, а може да се обидете и да пишувате. Со тек на време, како што се создаваат нови неврони, користењето на спротивната рака ќе ви станува се полесно.

4. Брз поглед.

Оваа игра е вежба за вашата моќ на забележување. Задачата е да ја посматрате сликата една минута, да го изгаснете мониторот или да го спуштите прозорот, на лист хартија да запишете што сте виделе на сликата. Обидете се повторно, само сконцентрирајте се повеќе. Ви гарантираме подобар резултат.

vezbi-za-koncentracija-i-mozocna-kondicija-2

5. Броење наназад.

Почнете од бројот 200 и бројте наназад одземајќи 5 - 200, 195, 190...

Почнете од 150 и бројте наназад одземајќи 7 - 150, 143, 136...

Почнете од бројот 100 и бројте наназад одземајќи 3 - 100, 97, 94...

Би можело да ве интересира:

Кој број треба да стои на местото на прашалникот? Погледнете ја фотографијата со три илустрации, па врз база на двата одговори, об...
Квиз: Која е вашата идеална секс поза во лето? (18+) Дали сте од оние кои поради жештините избегнуваат секс кога надвор е +30 степени...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg