Брз тест по македонски јазик за некои од најчестите грешки во пишувањето – ги правите ли и вие?

Дали се пишува училишен или училиштен? Во продолжение некои од најчестите правописни грешки што може да се забележат кога станува збор за пишувањето на македонски јазик. Тестирајте се дали добро го познавате правописот.

brz-test-po-makedonski-jazik-za-nekoi-od-najchestite-greshki-vo-pishuvanjeto-gi-pravite-li-i-vie-01.jpg

Водени од правилото дека треба да пишуваме онака како што зборуваме, честопати правиме правописни грешки без да бидеме свесни за тоа.

Каде треба да има удвоена самогласка, каде треба да се направи едначење по звучност? Дали добро го познавате правописот или пак и вие ги правите овие чести грешки во македонскиот јазик?

1. Бурекџилница или бурекчилница;

2. Мајтапџија или мајтапчија;

3. Каллив (пат) или калив (пат);

4. Училиштниот или училишниот;

5. Шесте или шестте;

6. Кругче или крукче;

7. Запци или забци;

8. Страм или срам;

9. Госпот или господ;

10. Магија или маѓија.

Проверете ги одговорите на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Брз тест по македонски јазик – Каде се пишува „ј“, а каде не? Дали сметате дека одлично го познавате правописот на македонскиот јазик? Провере...
Квиз: Погодете ги имињата на буквите од грчката азбука Покрај алфа и бета, знаете ли како се пишуваат другите букви од грчката азбука, ...
Квиз со логички загатки – ќе го решат само паметни познавачи на римски броеви Колку добро можете да се снајдете со римските броеви? Освен римските поговорки, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg