Правописен тест низ 10 примери: Знаете ли како се викаат жителките на македонските населени места?

Дали е тетовчанка или тетовка? Тестирајте се низ 10 примери колку добро ги знаете имињата на жителките на македонските општини и градови.

pravopisen-test-niz-10-primeri-znaete-li-kako-se-vikaat-zhitelkite-na-makedonskite-naseleni-mesta-01.jpg

Имињата на жителите на некои од македонските општини се вистински проблем за сите. Многумина знаат креативно да го решат проблемот, така што наместо да го напишат името, пишуваат „жителката на...“, но според Правописот на македонскиот јазик, постојат веќе утврдени норми.

Некои од имињата имаат и по две форми, па ако не сте знаеле, тогаш овој тест ќе ви помогне да научите нешто ново.

Запомнете, жителите на градовите се пишуваат со мала буква, а во продолжение проверете се колку добро ги знаете имињата:

1. Дојран – дојранчанка или дојранка;

2. Дебар – дебранка или дебарчанка;

3. Ѓавато (гевгелиско) – ѓавучанка или ѓавуштанка;

4. Македонски брод – бродјанка или броѓанка;

5. Кавадарци – кавадарчанка или кавадарка;

6. Кичево – кичевка или кичевчанка;

7. Куманово – кумановка или кумановчанка;

8. Свети Николе – светиниколчанка или светиниколка;

9. Тетово – тетовчанка или тетовка;

10. Пехчево – пехчевка или пехчевчанка.

Одговорите се на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Квиз: Прашања кои мора да ги знаете ако сте имале 5-ки во училиште Знаете ли што е Ел Дорадо или кои бои се наоѓаат на знамето на Италија? Знает...
Медицински квиз: Дали ги знаете основните работи? Знаете ли што е ешерихија коли или, пак, каде се наоѓа штитната жлезда? Знает...
Квиз: 10 лесни прашања што треба да ги знаете од општа култура Колку елементи има во периодниот систем? А, колкав е збирот на аглите во триагол...
Квиз: Дали ги знаете главните градови во Европа? Знаете ли кој е главниот град на Сан Марино? А, на Андора? Знаете ли кој е гл...
Квиз: 10 (лесни) научни прашања што повеќето ги одговараат погрешно Знаете ли колку бои има виножитото или колку време ѝ треба на светлината да стиг...
Квиз: Колку знаете за 7-те светски чуда на древниот свет? Знаете ли во кој древен град во денешна Турција се наоѓал Храмот на Артемида? ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg