Квиз за гурмани: Ќе погодите ли од која земја потекнуваат популарните светски специјалитети?

Дали сте гурман и сакате да ги пробате локалните специјалитети кога патувате во нова земја, или ви е сеедно што ќе јадете? Знаете ли од која земја потекнуваат познатите светски специјалитети?

kviz-za-gurmani-kje-pogodite-li-od-koja-zemja-poteknuvaat-popularnite-svetski-specijaliteti-01_copy.jpg

Дали уживате во храната и сакате да го пробате секој специјалитет што е традиционален за земјата која ја посетувате или сте од оние луѓе што повеќе сакаат сигурна варијанта, па јадат брза храна секојпат кога се во страство?

Кои од овие светски специјалитети сте ги пробале? И, дали знаете од која земја потекнуваат?

Решете го овој квиз за гурмани и дознајте:

Ќе погодите ли од која земја потекнуваат популарните светски специјалитети?
  1. 1. Кимбап е јадење слично на суши, кое се состои од алги, зачинет ориз и други состојки додадени по вкус. Од каде потекнува?
    Кина
    Кореја
  2. 2. Ракчиња, јастог, школки и сипа во комбинација со ориз и разни билки, масло и сол прават вкусна паеља. Од која земја е ова јадење?
    Бразил
    Шпанија
  3. 3. Познат по својата густа, мазна текстура, дондурма се топи во вашата уста. Од каде потекнува овој сладолед?
    Турција
    Италија
  4. 4. Неговото име доаѓа од францускиот збор „fondre“, што значи топење. Од каде потекнува фонду?
    Шведска
    Швајцарија
  5. 5. Се состои од парчиња сирова риба или школки зачинети со сол, кромид и чили пиперки, маринирани во сок од лимета - од каде е севиче?
    Јапонија
    Перу
  6. 6. Масала доса е крцкава палачинка од тесто од ориз, полнета со зачинета мешавина од пире од компири, која се служи со сос од кокос и самбар. Од каде потекнува?
    Индија
    Иран
  7. 7. Направено со помфрит и прелиено со урда и сос, путин е јадење што мора да го пробате. Од каде потекнува?
    Франција
    Канада
  8. 8. Со историја долга речиси 400 години, оваа пита со спанаќ и фета, се јаде и кај нас. Знаете ли од каде е?
    Грција
    Бугарија

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Квиз: Дали имате основни познавања за Скопје? „Градот убав пак ќе никне...“ - сигурно си ги пеете секогаш овие стихови, но кол...
Квиз: Дали сте попаметни од што мислите – што е вистина, а што лага? Дали ќе успеете да погодите кои од претставените 6 факти се вистина, а кои лага?...
Квиз: Погодете ги сите одговори што почнуваат на буквата „З“ Кој македонски бенд ја испеа „Пушти коси“? Како се вика животното со црно-б...
Квиз: 10 (тешки) прашања за оние што знаат баш сè Кој ја напиша поемата „Сердарот“? А кој стилски период е претставен на банкнотат...
Квиз: 8 прашања на кои секој возрасен треба да знае да одговори Инфлација е намалување на куповната моќ на парите, зголемување на куповната моќ ...
Квиз по хемија: Ако сте имале 5-ка не смеете да згрешите ниедно прашање Кој хемичар го создал периодниот систем на елементи? А што опишува pH вредноста ...

Најчитани неделава