Тест по правопис низ 10 примери: Ги пишувате ли правилно придавките во македонскиот јазик?

Дали вкусот може да биде „горчелив“ или е „горчлив“? Правите ли и вие грешки при пишувањето на придавките во македонскиот јазик?

test-po-pravopis-niz-10-primeri-gi-pishuvate-li-pravilno-pridavkite-vo-makedonskiot-jazik-01.jpg

Во секојдневниот говор честопати се користат придавки што кај нас дошле од соседните јазици и се одомаќиниле, но, за жал нив ги нема во Речникот на македонскиот јазик.

Дополнително, постојат мали суптилни, разлики во поглед на тоа како некои придавки се изговараат во одредени дијалекти, а како се пишуваат според стандардната норма.

Затоа ви подготвивме 10 кратки прашања, што ќе ви помогнат да го тестирате сопственото знаење, но и да научите нешто ново.

1. горчелив (вкус) или горчлив (вкус);

2. розов (фустан) или розев (фустан);

3. оволкав (мост) или олкав (мост);

4. тркалезна (маса) или кружна (маса);

5. бадемести (очи) или бадемасти (очи);

6. охридска (идила) или Охридска (идила);

7. вагабонтски (начин на однесување) или багабонтски (начин на однесување);

8. исецкано (ситно) или исечкано (ситно);

9. отсечен (тон) или одсечен (тон);

10. љути (пиперчиња) или лути (пиперчиња).

Точните одговори се на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Брз тест по правопис: Каде треба да стои надредниот знак? „Нас нѐ не носеа“ или „Нас не нѐ носеа“... На кое „не“ треба да стои надредниот ...
Брз тест во 10 прашања: Го знаете значењето нa турцизмите во македонскиот јазик (трет дел)? Сите знаеме дека во македонскиот јазик има голем број турцизми што се користат и...
Квиз на кој не смеат да згрешат сите што имале петка по македонски јазик Колку се сеќавате на материјалот што се изучува на часовите по македонски јазик?...
Брз тест во 10 прашања: Го знаете ли значењето на турцизмите во македонскиот јазик (четврти дел)? Знаете ли што е азно, а што е јабанџија? Колку ги познавате турцизмите што се ко...
Квиз: Дали петките по македонски ви биле заслужени? Кој учел само за да добие петка, а потоа заборавил сѐ што научил, а кој може да ...
Квиз: Kолку се сеќавате на македонските драми што се учеа во училиште? Дали сакавте да читате драми од македонски автори додека бевте во училиште? Тога...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg