Брз тест по правопис: Каде треба да стои надредниот знак?

„Нас нѐ не носеа“ или „Нас не нѐ носеа“... На кое „не“ треба да стои надредниот знак? Дали добро се сеќавате на правописните правила што се учеа уште во основно образование? Тестирајте се низ 10 едноставни примери...

brz-test-po-pravopis-kade-treba-da-stoi-nadredniot-znak-01.jpg

Колку од вас можат да се пофалат дека добро го владеат македонскиот правопис? Тестирајте се дали се сеќавате како правилно се користеше надредниот знак (`) во македонскиот јазик.

1. Сѐ што сакав да ти кажам или Се што сакав да ти кажам;

2. Нас нѐ не носеа во училиште или Нас не нѐ носеа во училиште;

3. Баба ѝ и дедо ѝ или Баба и ѝ дедо и;

4. Никој не ме виде или Никој нѐ ме виде;

5. На се сѐ смее или На сѐ се смее;

6. Дојде и ѝ шепна на уво или Дојде ѝ ѝ шепна на уво;

7. Баба ѝ ѝ подари нов фустан или Баба ѝ и подари нов фустан;

8. Се што ќе допре, ќе расипе или Сѐ што ќе допре, ќе расипе;

9. Никој нѐ не поканил да дојдеме или Никој не нѐ поканил да дојдеме;

10. Водата сѐ мие или Водата се мие.

Точните одговори се на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Квиз: 10 општи прашања кои никој не смее да ги згреши Во кој град се наоѓате ако стоите на шпанските скали? А која телефонска компаниј...
Квиз по хемија: Ако сте имале 5-ка не смеете да згрешите ниедно прашање Кој хемичар го создал периодниот систем на елементи? А што опишува pH вредноста ...
Квиз: 10 прашања што не смеете да ги згрешите (и треба да се срамите ако немате барем 8 точни) Колку срца има октоподот? A знаете ли кој е најпродаваниот музички албум на сите...
Квиз: 10 историски прашања кои е срамота да не ги знаете Кој настан го означил почетокот на Првата светска војна? А што бил Винстон Черчи...
Квиз за возачи: Колку сообраќајни знаци ќе препознаете? Ако имате возачка дозвола и сте активен учесник во сообраќајот, не смеете да пог...
Квиз: Погодете ги литературните класици од нивните винтиџ илустрации Ако во детството сте читале лектири и ако некогаш ве интересирале бајки, верувам...

Најчитани неделава