Квиз: Дали сте типичен македонски родител?

Дали кога детето ќе падне му викате да не се лигави и веднаш да стане или го прегрнувате и разговарате? Дали кога има температура веднаш му ставате облоги од оцет или трчате на лекар? Се плашите ли од промаја? Ајде да видиме дали сте типичен македонски родител или има нешто европско... 

kviz-dali-ste-tipichen-makedonski-roditel-01.jpg

Секако, пред сè да нагласиме дека станува збор за шеговит квиз и не треба да се сфатат сериозно ниту одговорите ниту резултатите. 

Но, некогаш е интересно да се насмееме на некои сопствени размислувања кои честопати прават да бидеме „класични Македонци или Балканци“...

Ајде да провериме дали вие сте типичен македонски родител или некаде во вас лежи и нешто, скандинавско, на пример...

Дали сте типичен македонски родител?
  1. 1.
    „Што ти е мило, те боли ли?“ додека го прегрнувате
    „Ајде ништо не ти е станувај, не се лигави, како успеа?“
    „Да те бакнам и ќе помине, не се грижи“
  2. 2.
    „Одлично, ќе те поддржам!“
    „Добро е како хоби, ама убаво е да учиш и некоја друга струка“
    „Каков уметник, нема пари таму, учи нешто нормално“
  3. 3.
    „Добро, кога ќе огладнеш, сам ќе побараш“
    „Нема станување од маса додека не изедеш сè или ќе ти го ставам во врат!“
    „Ајде барем три залчиња, па после ќе си играме“
  4. 4.
    Веднаш го носите на лекар и барате упат за сите можни анализи
    Му давате парацетамол и следите како ќе се развива
    Го лекувате сами, со чаеви, облоги од оцет и ракија
  5. 5.
    Гумена играчка за грицкање
    Мачкање со бело вино, само тоа помага
    Соодветни гелови за деца наменети за болка во заби
  6. 6.
    „Ако ти е ладно, те молам веднаш облечи се“
    „Има промаја, облечи нешто веднаш, што ќе ти правам кога ќе настинеш!“
    „Ќе настинеш и после ќе плачеш дека кашлаш“
  7. 7.
    „Да, после јас да треба да ти го шетам секој ден, нема шанси“
    „Интересна идеја, ајде да видиме каква раса би можело“
    „Мислиш ли дека имаме време да се грижиме за куче?“

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Квиз: Дали имате основни познавања за Скопје? „Градот убав пак ќе никне...“ - сигурно си ги пеете секогаш овие стихови, но кол...
Квиз: 10 (тешки) прашања за оние што знаат баш сè Кој ја напиша поемата „Сердарот“? А кој стилски период е претставен на банкнотат...
Квиз: 10 општи прашања кои никој не смее да ги згреши Во кој град се наоѓате ако стоите на шпанските скали? А која телефонска компаниј...
Квиз: Дали сте попаметни од што мислите – што е вистина, а што лага? Дали ќе успеете да погодите кои од претставените 6 факти се вистина, а кои лага?...
Квиз: 8 прашања на кои секој возрасен треба да знае да одговори Инфлација е намалување на куповната моќ на парите, зголемување на куповната моќ ...
Квиз: Погодете ги сите одговори што почнуваат на буквата „З“ Кој македонски бенд ја испеа „Пушти коси“? Како се вика животното со црно-б...

Најчитани неделава