Правописен квиз: Употребете ги правилно надредните знаци во речениците

Една од најчестите правописни, занемарени грешки во македонскиот правопис е (не)употребата на надредните знаци.

Pravopisen-kviz-upotrebete-gi-pravilno-nadrednite-znaci-vo-rechenicite_01_630x330.jpg

Надреден знак (`) е правописен знак кој се пишува само во три случаи:

1. Над самогласката е во кратката заменска форма од нас нè, за да се разликува од негацијата не.

Пример: Тие не нè почитуваат воопшто.

2. Над самогласката е во прилогот сè - за да се разликува од кратката заменска форма од повратната заменка себе се, која често ја употребуваме со повратните глаголи; како и од помошниот глагол сум во трето лице множина (тие се).

Пример: Сè се стресе околу мене.

3. Над самогласката и кај кратката заменска форма од нејзе ѝ за да се разликува од сврзникот и.

Пример: Ѝ кажав дека сакам да одиме во кино и на вечера.

Во продолжение за вас подготвивме квиз од низа реченици во кои треба да определите каде правилно треба да стои надредниот знак. 

Да провериме што научивте од оваа мини лекција: 

Употребете ги правилно надредните знаци во речениците
  1. 1.
    Одговор
  2. 2.
    Одговор
  3. 3.
    Одговор
  4. 4.
    Одговор
  5. 5.
    Одговор
  6. 6.
    Одговор
  7. 7.
    Одговор
  8. 8.
    Одговор
  9. 9.
    Одговор

Мила М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Квиз: 8 тешки прашања за кои сигурно ќе ви треба (малку) помош Знаете ли со кој договор и формално се означил крајот на Првата светска војна? ...
Квиз за возачи: Колку сообраќајни знаци ќе препознаете? Ако имате возачка дозвола и сте активен учесник во сообраќајот, не смеете да пог...
Квиз: Од кои јазици потекнуваат зборовите што ги користиме секојдневно? Знаете ли од кој јазик потекнува зборот „авокадо“? А, зборот „торнадо“ или „граф...

Најчитани неделава