Учиме за Македонија: На кој култен македонски автор се стиховите?

Стиховите се од песната „Кога ја љубев Дениција“ на Петре М. Андреевски.

Кога ја љубев Дениција

Кога ја љубев Дениција,
како да калемев светлина на мракот,
како да топев снегови фатени во движење,
како да станував единствен сведок
за бакнежот меѓу металот и громот.

Кога ја љубев Дениција,
како да му пронајдував брзина и на каменот,
како да ја одделував душата од телото,
како да го палев барутот,
на тилот од смилот и трендафилот.

Кога ја љубев Дениција,
како да внесував летен воздух во воздухот зимен,
како да ги откривав сите рудници на злато,
како да добивав телефонска врска со сонот
од сите успани работници.

Оти ја љубев Дениција,
како што ги отворав пролетните аптеки,
сместени во гласот од славејот,
како што славејот ги спријателуваше
небото и земјата,
како што таа ми ја одземаше тежината,
додека трчав кон неа,
како што не можев да видам ништо освен неа,
како што таа живееше додека јас умирав,
како што и јас не знаев како би умрел,
ако таа не се родеше.

Кога ја љубев Дениција,
како да учествував во создавањето
на првата Македонска Држава.

С. С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Квиз: Kолку се сеќавате на македонските драми што се учеа во училиште? Дали сакавте да читате драми од македонски автори додека бевте во училиште? Тога...
Квиз на кој не смеат да згрешат сите што имале петка по македонски јазик Колку се сеќавате на материјалот што се изучува на часовите по македонски јазик?...
Квиз: 10 прашања што мора да ги знаете ако сте имале 5-ка по македонски Знаете ли како се делат гласовите во македонскиот јазик или кога се пишува голем...
Квиз: Погодете ги авторите на македонските книги Знаете ли кој е автор на детскиот роман „Марта“ или, пак, на драмата „Чорбаџи Те...
Квиз: Колку македонски народни гатанки ќе погодите? Колку се сеќавате на македонските народни гатанки што се учеа во училиште? Овој ...
Квиз: 8 општи прашања што сите треба да ги знаат Знаете ли што е Везув во Италија или кој е авторот на „Пипи Долгиот Чорап“? З...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg