Тест низ 10 прашања: Знаете ли каде се користи надреден знак во македонскиот јазик?

Знаете ли точно каде се употребува надредниот знак (`) во македонскиот јазик? 

znaete-li-kade-se-pishuva-nadreden-znak-vo-makedonskiot-jazik-odgovorete-na-10-prashanja-i-proverete-01.jpg

Под влијание на честата употреба на компјутери и електронски уреди, денес сè почесто се случува луѓето да ја избегнуваат употребата на надредниот знак. Знаете ли каде треба да го употребувате?

Тоа не е само обична цртичка, туку надредниот знак (`) е правописен знак што се користи во македонскиот стандарден јазик.

Во продолжение ве тестираме со 10 брзи прашања - како е точно?

1. Сè што сакав да ти кажам или Се што сакав да ти кажам;

2. Нас не нè викнаа или Нас нè не викнаа;

3. Мајка ѝ и рече или Мајка ѝ ѝ рече;

4. Ќерка и отиде во училиште или Ќерка ѝ отиде во училиште;

5. Не е злато се што сјае или Не е злато сè што сјае;

6. Сè уште помнам како се смеевме или Се уште помнам како сè смеевме

7. Нам ништо не ни рекоа или Нам ништо не нѝ рекоа;

8. Ништо не ѝ рече или Ништо не и рече

9. Не и дозволи да зборува или Не ѝ дозволи да зборува;

10. Татко и ја викна дома или Татко ѝ ја викна дома.

Точните одговори проверете ги на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Квиз: 10 лесни прашања што треба да ги знаете од општа култура Колку елементи има во периодниот систем? А, колкав е збирот на аглите во триагол...
Квиз: Прашања кои мора да ги знаете ако сте имале 5-ки во училиште Знаете ли што е Ел Дорадо или кои бои се наоѓаат на знамето на Италија? Знает...
Брз тест по правопис: Каде треба да стои надредниот знак? „Нас нѐ не носеа“ или „Нас не нѐ носеа“... На кое „не“ треба да стои надредниот ...
Медицински квиз: Дали ги знаете основните работи? Знаете ли што е ешерихија коли или, пак, каде се наоѓа штитната жлезда? Знает...
Брз тест по правопис  – Каде се пишува буквата „ј“, а каде не? „Се насмеаа“ или „Се насмеаја“, „Спиеа“ или „Спиеја“... Како беше правилно? „...
Географски квиз: Каде се наоѓаат помалку познатите европски градови? Знаете ли каде се наоѓа Порто или, пак, Лион? Колку ги знаете помалку познатите ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg