Квиз: Најдолга река, најгледано видео на Јутјуб – дали ги знаете популарните светски рекорди?

Знаете ли кој е најмладиот добитник на Нобелова награда или која актерка има најмногу номинации за Оскар?

kviz-najdolga-reka-najgledano-video-na-jutjub-dali-gi-znaete-popularnite-svetski-rekordi-001.jpg

Идејата за Гинисовата книга на рекорди се родила во раните 1950-ти. Тогаш сер Хју Бивер, тогашен менаџер на пиварата Guinness, бил излезен со неколку пријатели. Тие почнале да се расправаат за тоа која е најбрзата птица во Европа, но никаде не можеле да го најдат токму тој податок.

Во 1954 година Хју Бивер се сетил на расправијата, па повикал двајца пријатели и им предложил да направат книга полна со факти за најбрзи и најголеми животни, најдолги реки, највисоки планини…

Во новите изданија на книгата постојано се додавале нови и нови податоци, па со текот на времето станала светски позната.

Денес постојат илјадници рекорди за места, луѓе и животни и сигурно никој не ги знае сите. Но, некои рекорди се истакнуваат над другите и им се познати на сите, а дел од нив знаеме и од општа култура.

Колку вие знаете за популарните светски рекорди?

Најдолга река, најгледано видео на Јутуб – дали ги знаете популарните светски рекорди?
  1. 1.
    Слон
    Син кит
    Носорог
  2. 2.
    62,8 сантиметри
    1 метар
    1,1 метар
  3. 3.
    Амазон
    Нил
    Мисисипи
  4. 4.
    Бил Гејтс
    Илон Маск
    Џеф Безос
  5. 5.
    Кралицата Елизабета II
    Кралот Луј XIV
    Кралицата Викторија
  6. 6.
    Baby Shark Dance
    Despacito – Луис Фонси
    Gangnam Style – Псај
  7. 7.
    280 сантиметри
    251 сантиметар
    221 сантиметар
  8. 8.
    Мерил Стрип
    Кејт Бланшет
    Џуди Денч
  9. 9.
    Бијонсе
    Џеј Зи
    Адел
  10. 10.
    Лоренс Брег
    Грета Тунберг
    Малала Јусафази

Спирова С. | Црнобело

фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Квиз: Прашања за човечкото тело што мора да ги знаете (од општа култура) Знаете ли каде се формираат црвените крвни зрнца или преку кој орган се храни бе...
Квиз: 8 тешки прашања за кои сигурно ќе ви треба (малку) помош Знаете ли со кој договор и формално се означил крајот на Првата светска војна? ...
Квиз: 10 научни прашања што секоја паметна личност треба да ги знае Знаете ли која е главната функција на црвените крвни клетки во организмот? Зн...
Квиз: 10 (потешки) медицински прашања за сезнајковци Знаете ли што се егзема и ешерихија коли? Знаете ли каде се наоѓа штитната жлезд...
Квиз: 10 прашања што мора да ги знаете ако сте страстен читател Дали Пауло Коелјо е автор на „Алхемичарот“, „Ангели и демони“ или, пак, „Сто год...
Квиз: Лесни прашања за Месечината (и лунарните мисии) што е срамота да не ги знаете Дали досега на Месечината имаат стапнато 2, 4 или 12 астронаути? А, колкав е рад...

Најчитани неделава