Правописен квиз: Кај кои зборови се повторува истата буква едноподруго, а кај кои не?

Како се пишува правилно - седумина или седуммина

pravopisen-kviz-kaj-koi-zborovi-se-povtoruva-istata-bukva-ednopodrugo-a-kaj-koi-ne-01.jpg

Македонскиот јазик може да „се пофали“ со многу тешка граматика, но правописот е генерално полесен. За разлика од некои други јазици, како англискиот, во македонскиот зборовите ги пишуваме исто како што ги изговараме.

Но сепак, и во македонскиот правопис има ситници кои можат да создадат забуна како, на пример, повторување на истата буква едноподруго.

Во некои случаи, повторувањето на буквата е очигледно, како кај глаголите пее или се смее. Но, некогаш може да биде тешко да утврдите дали некоја буква се повторува или не.

Ако ова не претставува проблем за вас, тогаш лесно ќе го решите овој квиз.

Во продолжение следат 10 зборови, а вие треба да погодите како се пишуваат правилно, односно дали имаат буква која се повторува едноподруго или не.

Кај кои зборови се повторува истата буква едноподруго, а кај кои не?
  1. 1.
    Подршка
    Поддршка
  2. 2.
    Седумина
    Седуммина
  3. 3.
    Мнение
    Мненние
  4. 4.
    Одржува
    Оддржува
  5. 5.
    Оттчет
    Отчет
  6. 6.
    Шестиот
    Шесттиот
  7. 7.
    Одделение
    Оделение
  8. 8.
    Смртта
    Смрта
  9. 9.
    Подели
    Поддели
  10. 10.
    Оттргне
    Отргне

Спирова С. | Црнобело

фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Квиз: 10 (тешки) прашања за оние што знаат баш сè Кој ја напиша поемата „Сердарот“? А кој стилски период е претставен на банкнотат...
Квиз: 10 општи прашања кои никој не смее да ги згреши Во кој град се наоѓате ако стоите на шпанските скали? А која телефонска компаниј...
Квиз: Дали имате основни познавања за Скопје? „Градот убав пак ќе никне...“ - сигурно си ги пеете секогаш овие стихови, но кол...
Квиз: Дали сте попаметни од што мислите – што е вистина, а што лага? Дали ќе успеете да погодите кои од претставените 6 факти се вистина, а кои лага?...
Квиз: 8 прашања на кои секој возрасен треба да знае да одговори Инфлација е намалување на куповната моќ на парите, зголемување на куповната моќ ...
Квиз: Прашања за деца што треба да знае да ги одговори секој возрасен Умеете ли брзо да решите едноставни загатки за деца? Секој зрел возрасен човек б...

Најчитани неделава