Брз тест по македонски јазик низ 10 прашања: Дали знаете каде треба да стои буквата „ќ“?

Келав или ќелав, кече или ќече – како е правилно? Ајде да провериме колку го познавате македонскиот јазик.

brz-test-po-makedonski-jazik-dali-i-vie-se-dvoumite-kade-treba-da-stoi-bukvata-kj-01.jpg

Масовното користење на социјалните мрежи и ограничениот број на букви во латиничното писмо на тастатурата на мобилните телефони во голема мера влијаат на тоа како пишуваме.

Наместо да користиме иновативни решенија за кириличните букви кога пишуваме латиница, најчесто ги користиме буквите што се најслични една со друга, надевајќи се дека соговорникот ќе нè разбере, а некогаш и не.

Можеби некому нема веднаш да му текне дека изразот: „imam mrsna koza“, се однесува на „мрсна кожа“, а не на „мрсна коза“, нели?

Речиси и да забораваме на граматичките форми, особено кај оние зборови каде не постојат одредени правила, туку формите треба да се запомнат напамет.

Дали некој од вас се соочил со дилема каде треба да стои буквата к, а каде буквата „ќ“?

Тестирајте се низ 10 лесни примери:

1. шеќер или шекер

2. ќерка или керка

3. керамика или ќерамика

4. ќеш или кеш

5. ќеиф или кеиф

6. келав или ќелав

7. кирија или ќирија

8. китка или ќитка

9. кече или ќече

10. нејќам или нејкам

Одговорите се на следна страна:



Би можело да ве интересира:

Квиз: Ќе го погодите ли значењето на 8 стари македонски зборови? Знаете ли што значи зборот „аеронаут“ или зборот „џафте“? Колку архаични зборови...
Квиз: Прашања за Бадник и Божиќ кои е срамота да ги згрешите Како се викаат децата кои пеат од куќа на куќа на Бадник? А кои зборови се одгов...
Квиз: Дали ги правите најчестите правописни грешки? Како е правилно – „прибидејќи“, „бидејќи“ или, пак, и двете? А, дали се пишува „...
Квиз: Погодете ги сите одговори што почнуваат на буквата „З“ Кој македонски бенд ја испеа „Пушти коси“? Како се вика животното со црно-б...
Квиз: Погодете ги сите одговори кои почнуваат на буквата „Р“ Кој македонски град е познат како град на јаболката? А како се вика одметникот ш...
Литературен квиз: Кое е значењето на „ексик“ и на уште 10 зборови на битолски дијалект? Што значи кога во Битола ќе кажат „Ексик“ или „Форес ми прајш“? Го познавате ли ...

Најчитани неделава