Брз тест по македонски јазик: Кои зборови се пишуваат слеано, а кои разделено?

Срастените прилози од прилог и предлог или именка се пишуваат слеано, па затоа:

1. Оттука;

2. Оддесно;

3. Остекогаш;

Сложените прилози што како втор дел ги имаат именските форми -пат, -пати се пишуваат слеано, па затоа:

4. Секојпат;

Сложените прилози од типот вчераутро, еднодруго, едноводруго, итн. се пишуваат слеано, па затоа:

5. Вчеравечер;

Одречната честичка „не“ од формите на глаголот: не сака, не земам, не реков, не носеа, не знаејќи, не можејќи, не сакајќи се пишува разделно, па затоа:

6. Не знаејќи;

Сложените сврзници од типот на тукушто и штотуку се пишуваат слеано, па затоа:

7. Штотуку;

Сложените заменки се пишуваат слеано, па затоа:

8. Понекоја;

Сложените придавки што означуваат нијанса на определена боја се пишуваат слеано, па затоа:

9. Бледосин;

Составите од заменките кој, што, чиј и честичките било, (и) да е, се пишуваат разделно, па оттука:

10. Каков било.

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Правописен квиз: Кои зборови се пишуваат слеано, а кои не? Дали е „без друго“ или „бездруго“? Дали имате дилема кога треба да пишувате одре...
Тест по македонски правопис низ 10 примери: Ги пишувате ли правилно зборовите образувани од глаголи? Како е правилно: несакам или не сакам? Дали правилно ги пишувате глаголите и збо...
Правописен тест низ 10 примери: Каде се пишува буквата „ѕ“? Она по што македонската азбука се разликува од сите други кирилични писма е по т...
Квиз: Колку се сеќавате на македонската поезија што се учи во училиште? Дали сте од оние што сите песни ги учеа напамет и гордо сакаат да покажат дека г...
Тестирајте се низ 10 примери: Дали ја пишувате буквата „ј“ на вистинското место? Успеаја или успејаа? Залајаа или залааја? Знаете ли каде се пишува буквата „ј“? ...
Брз тест по правопис  – Каде се пишува буквата „ј“, а каде не? „Се насмеаа“ или „Се насмеаја“, „Спиеа“ или „Спиеја“... Како беше правилно? „...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg