Квиз: Што ви треба за да си ја подобрите концентрацијата?

Колку често ви се случува да имате проблем да следите што се случува околу вас? Дали на работното место понекогаш ви треба една иста работа да ја прочитате стопати за да сфатите за што се работи? Погледнете што ви е потребно за да си ја подобрите концентрацијата?

kviz-shto-vi-treba-za-da-si-ja-podobrite-koncentracijata-01.jpg

Дали лесно се дефокусирате кога ќе ви стигне некоја нотификација на телефонот, или пак се вовлекувате во бескорисни разговори со луѓето околу вас и заборавате што требало да направите?

Одговорете искрено на прашањата од овој квиз и дознајте што треба да направите за да си ја подобрите концентрацијата на работното место или додека учите.

Што ви треба за да си ја подобрите концентрацијата?
  1. 1.
    Го земам телефонот за да проверам порака и заборавам што требаше да сработам
    Го ставам телефонот на нечујно ѕвонење, за да не им пречам на другите, но следам кој ми пишува
    Ставам слушалки на ушите за да не ги слушам разговорите на колегите и го гасам мобилниот телефон
    Кога работам се исклучувам целосно, не ме интересира ништо друго освен задачите што се пред мене
  2. 2.
    Мобилниот телефон и нотификациите што постојано ми пристигнуваат
    Тоа што нема кој да ме контролира додека работам, па се губам
    Тоа што не спијам по цели ноќи, па доаѓам на работното место уморен/на
    Тоа што колегите околу мене постојано прават врева и ме дефокусираат
  3. 3.
    Решавам судоку загатки, крстозбори и квизови на знаење
    Играм игрички на мобилниот телефон за да одморам
    Читам книги и списанија
    Зарем постои тренинг на мозок?
  4. 4.
    Поспаноста и потребата за сон
    Повикот од пријателите да се логирам на најновата игра што ја играме во мрежа
    Најновите озборувања во канцеларијата
    Речиси ништо, секогаш знам кои ми се приоритетите
  5. 5.
    Постојано, таков ми е начинот на читање
    Само кога некој од околината ќе дојде да разговара со мене и ќе ме дефокусира
    Речиси никогаш, максимално сум сконцентриран/а на тоа што го работам
    Најчесто тоа ми се случува кога имам недостаток од сон
  6. 6.
    Само кога тоа за што ми зборуваат воопшто не ме интересира
    Постојано, тешко ми е да останам сконцентриран/а подолго од 5 минути
    Кога знам дека личноста нема да престане да зборува, па доволно е само да ги уловам поентите
    Никогаш, секогаш се трудам добро да ги сослушам луѓето што ми зборуваат
  7. 7.
    Да се оградам од сите работи што ми пречат на концентрацијата
    Да размислувам за другите обврски што подоцна ме чекаат
    Да работам што е можно побрзо за да можам порано да излезам од работа
    Да се сконцентрирам целосно на задачата за да можам подоцна да продолжам со другите обврски

Б. С. Б. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Квиз: Каде се родени познатите Македонци? Дали знаете каде е родена Калиопи? А во кој град се родил Тоше Проески? Решете г...
Квиз: Дали сте во токсична врска (од која треба да бегате)? Не значи дека партнерот мора да ве удри или да биде насилен за врската да биде т...
Квиз: Колку е добра вашата меморија? Дали во друштво вие сте тој што памти сè или „извеаниот“ што заборава? Ајде да в...
Квиз кој ќе го решат само оние со високо IQ – ќе успеете ли и вие? Со овој квиз ќе ја предизвикаме вашата логика, но и фокусот и концентрацијата, к...
Квиз: Погодете ги прекарите на познатите Македонци Дали знаете како го викаат нагалено поранешниот селектор на фудбалската репрезен...
Квиз: Погодете ги сите поими што почнуваат на буквата „У“ Кој македонски пејач ја испеа „6 броја“? Киев е главен град на која држава? Колк...

Најчитани неделава