Квиз: Дали имате сообраќајна култура или возите како „лудак“?

Дали кога одите во кафуле мора да најдете паркинг на 10 чекори од вас, дури и по цена да е на тротоар? Дали без трепкачи се приклучувате во другата лента и го вадите од памет шоферот во автомобилот до вас? Се пронајдовте? 

kviz-dali-imate-soobrakjajna-kultura-ili-vozite-kako-ludak-1.fw.jpg

За да бидете добар возач не треба само да ги познавате сообраќајните знаци и да знаете да управувате со возилото, туку треба да имате и основна сообраќајна култура. 

Да не возите лудачки, да не правите опасни ситуации за останатите учесници во сообраќајот, да имате трпение и да не мислите само на себе. 

Па, ајде да провериме каков возач сте вие. Може да се изненадите од резултатот... 

Дали имате сообраќајна култура или возите како „лудак“?
  1. 1.
    Чекате да се расчисти, па тргате, за да не ја блокирате целосно крстосницата
    Тргате за да не ви го земе некој редот и да не ви свират одзади дека стоите во место на зелено
  2. 2.
    Свирите без престан и влегувате во лентата за спротивна насока за да го претекнете, вадејќи го возачот од памет
    Свиркате нежно, да укажете дека треба да побрза, а ако се укаже безбедна можност претекнувате и имате разбирање
  3. 3.
    Паркирате на тротоар/остров/велосипедска патека со 4 трепкачи и надгледувате дали ќе дојде пајак служба за да се поместите
    Паркирате неколку стотици метри подалеку од кафулето, па одите пешки дотаму
  4. 4.
    Вклучувате десен трепкач и чекате некој да ве пропушти или да се направи простор да се вклучите – колку и да треба
    Никој нема да ве пушти со трепкач - проценувате сами кој вози побавно и каде има минимален простор за со полн гас да се приклучите пред него во лентата, иако не ве очекува
  5. 5.
    Го пцуете и викате затоа што вози брзо и лудо, без да гледа наоколу
    Кревате рака и се извинувате, бидејќи сфаќате дека е ваша вина што не сте застанале на знакот

M. M. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Квиз: Дали сте во токсична врска (од која треба да бегате)? Не значи дека партнерот мора да ве удри или да биде насилен за врската да биде т...
Квиз: Колку е добра вашата меморија? Дали во друштво вие сте тој што памти сè или „извеаниот“ што заборава? Ајде да в...
Квиз: Каде се родени познатите Македонци? Дали знаете каде е родена Калиопи? А во кој град се родил Тоше Проески? Решете г...
Квиз кој ќе го решат само оние со високо IQ – ќе успеете ли и вие? Со овој квиз ќе ја предизвикаме вашата логика, но и фокусот и концентрацијата, к...
Квиз: 7 прашања за умни глави кои не смеете да ги згрешите Градот Берово има иста кратенка како еден хемиски елемент... Дали знаете за кој ...
Квиз што ќе го решат само децата од 90-тите кои „висеа“ на интернет Знаете ли за што служеше програмата NERO Burning или која беше примарната функци...

Најчитани неделава