Квиз за гурмани: Од кои земји потекнуваат 8 популарни специјалитети?

Знаете ли од каде потекнува хумусот? А, која е родната земја на вкусниот гулаш? Ајде да провериме дали сте вистински гурман или се држите до сигурни јадења како пица. 

kviz-za-gurmani-od-koja-zemja-poteknuvaat-8-popularni-specijaliteti-01.jpg

Вистинските гурмани, кога патуваат не се плашат да пробаат специјалитети од националната кујна на земјите кои ги посетуваат. 

Но, има и такви кои не експериментираат и се држат до сигурни медитерански специјалитети или јадења блиски до нашата кујна. 

Независно дали патувате или не, треба да имате општи познавања од секоја област, па ајде да видиме колку го знаете потеклото на традиционалните јадења. 

Од кои земји потекнуваат 8 популарни специјалитети?
  1. 1. Од која земја потекнува шницлата позната по главниот град на државата?
    Германија
    Австрија
    Унгарија
  2. 2. Во која земја е специјалитет сочниот гулаш, со богат вкус?
    Германија
    Чешка
    Унгарија
  3. 3. Која земја е позната по специјалитетот сувлаки, сервирано на ражнич или во пита лепче?
    Бугарија
    Грција
    Египет
  4. 4. Која држава се смета за родно место на десертот „Ана Павлова“ или Павлова торта?
    Нов Зеланд
    Русија
    Франција
  5. 5. На чија национална кујна припаѓа специјалитетот направен од запечени тортилји, полнет со месо или зеленчук, наречен тако?
    Мексико
    Колумбија
    Бразил
  6. 6. Во која држава е создадена вистинската храна на боговите, наречена хумус?
    Романија
    Турција
    Сирија
  7. 7. Која е земјата на потекло на десертот направен од кори, јаткасти плодови и шербет, наречен баклава?
    Турција
    Либија
    Македонија
  8. 8. Од која држава потекнува качапури – лепче, полнето со кашкавал и јајце, кое се топи во уста?
    Грузија
    Ерменија
    Азербејџан

M. M. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Квиз: Каде се родени познатите Македонци? Дали знаете каде е родена Калиопи? А во кој град се родил Тоше Проески? Решете г...
Квиз: Дали сте во токсична врска (од која треба да бегате)? Не значи дека партнерот мора да ве удри или да биде насилен за врската да биде т...
Квиз: Погодете ги сите поими што почнуваат на буквата „У“ Кој македонски пејач ја испеа „6 броја“? Киев е главен град на која држава? Колк...
Квиз: Дали луѓето ви веруваат или ве сметаат за несериозна личност? Дали кога ќе препорачате нешто во друштво веднаш го пробуваат или чекаат друг да...
Квиз: Дали сте подготвени за есен или не можете да се помирите? Дали уште посакувате ладно фрапе или време е за топло кафе? Почнавте ли да вадит...
Квиз: Колку е добра вашата меморија? Дали во друштво вие сте тој што памти сè или „извеаниот“ што заборава? Ајде да в...

Најчитани неделава