Квиз: Можете ли да преживеете без технологија?

Би се снашле ли ако треба да испратите писмо по пошта? Или ако снемате сигнал на пат и мора да користите физичка мапа? Во квизот се претставени неколку ситуации во кои вие треба да се снајдете, а одговорите откриваат дали би преживеале без технологија. 

kviz-mozhete-li-da-prezhiveete-bez-tehnologija-01.jpg

Колку и да не сакате да признаете, вистината е дека речиси сите сме зависни од технологија, но некој повеќе некој помалку е заинтересиран за тоа како би живееле без неа. 

Дали сте живееле во времето кога не постоела, или се сеќавате од тоа што го поминувале вашите родители, можеби едноставно сте информирани на сите теми или кратко и јасно, не знаете како се живее без неа. 

Ајде да провериме преку неколку реални ситуации во кои би можеле да се најдете и како би реагирале...

Можете ли да преживеете без технологија?
  1. 1.
    Останувате смирени и пробувате да се вратите по истиот пат или барате помош за насока
    Паничите, но лутате додека не најдете нешто што ви личи познато
    Веднаш барате кафуле или продавница каде има полнач или може да позајмите телефон
  2. 2.
    Уживате во мирот и истражувате, пробувате да направите нешто корисно
    Се чувствувате чудно без да имате телефон, но пробувате да најдете занимација
    Постојано го проверувате телефонот за во случај да не се појави сигнал магично
  3. 3.
    Се договарате за точно време и место како порано и му верувате на планот
    Одите каде што мислите дека е најлогично да ги најдете и се молите да имате среќа
    Губите време на барање од некаде начин да ги контактирате или да прашате некого каде може да бидат
  4. 4.
    Користите логика, размислувате, користите меморија за да аргументирате
    Се смеете и признавате дека никој нема да знае да даде точна информација
    Се чувствувате лично понижено затоа што имате недостаток на одговори и познавања
  5. 5.
    Барате друг извор на светлина, свеќа, батериска лампа, запалка...
    Се движите полека и пробувате да се снајдете во просторот со мала светлина од Месечината
    Чекате да дојде некој да ве спаси и очајно се молите да се врати струјата
  6. 6.
    Ништо страшно, одите до најблиската пошта, застанувате на шалтер и завршувате работа
    Не сте сигурни каде има пошта и како оди постапката, но ќе прашате некој таму и ќе се снајдете
    Паничите, не знаете ниту како изгледа пошта, ниту што се прави, чекате можност за онлајн или праќате некој друг да заврши
  7. 7.
    Купувате мапа од најблиската бензинска пумпа, следите патоказ, знаци и се снаоѓате да стигнете
    Наоѓате мапа, но не се снаоѓате, ќе прашувате луѓе по пат и сигурно ќе го згрешите неколку пати патот пред да стигнете
    Паничите, не знаете да се снајдете со физички мапи, чекате да дојде сигнал и да најдете офлајн мапа за телефон
 

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Квиз: Каде се родени познатите Македонци? Дали знаете каде е родена Калиопи? А во кој град се родил Тоше Проески? Решете г...
Квиз: Погодете ги прекарите на познатите Македонци Дали знаете како го викаат нагалено поранешниот селектор на фудбалската репрезен...
Квиз: Како се викаат сопругите на познатите Македонци? Тие се едни од најпознатите парови на домашната естрада, па невозможно е да не з...
Квиз: Колку работи што ја одбележаа 2025-та ќе погодите? На чиј концерт беа снимени (сега веќе) најпознатите светски прељубници? А кој фи...
Квиз: Дали сте подготвени за есен или не можете да се помирите? Дали уште посакувате ладно фрапе или време е за топло кафе? Почнавте ли да вадит...
Квиз: Погодете ги сите одговори што почнуваат на буквата „Ч“ Кои две македонски села имаат исто име на буквата Ч (едно е во тетовско, другото...

Најчитани неделава