Астро тест: Дали сте авантуристи?

astro-test-dali-ste-avanturisti-03

Вода (15-25 поени)

Вие сте авантурист само во приказните и книгите. Му припаѓате на водениот елемент. Во вашиот хороскопски знак сигурно преовладуваат карактеристиките на Рак, Скорпија и Риба. Исто како и Ракот, сакате мирен и емоционален живот. Како Рибите сте инстинктивни и ако ви се случат ситуации во кои треба да присуствувате во некоја авантура, нема да издржите многу долго. Скорпијата во вас секогаш ја кажува вистината. Вие дефинитивно не сте создадени за авантура.

Земја (26-37 поени)

Авантурист или не, ако тоа ви е во корист - зошто да се менувате? Вие припаѓате на земјениот елемент. Во вашиот хороскоп доминираат карактеристиките на Бикот, Девицата и Јарецот. Ова се личности кои никогаш не се предаваат, никогаш слаби, секогаш силни. Вашиот авантуризам е основа во работниот успех, контактот со луѓе и заработката на многу пари кои ви овозможуваат прекрасен и луксузен живот. И да ви се случи авантура, никогаш нема да го напуштите сигурното. Ова е посебно карактеристично за Биковите.

Воздух (38-49 поени)

Луѓе кои лесно се впуштаат во авантура. Вие припаѓање на воздушниот елемент. Во вашиот хороскоп доминираат Близнаците, Вагата и Водолијата. Вие сте секогаш несопирливи. Можете да бидете авантурист во еден момент исклучиво за да привлечете внимание. Од Близнакот ја имате карактеристиката на подло смешкање и искрено раскажување на нештата, сè по цена да најдете личност со која ќе се впуштите во кратка авантура. Вагата сака да е центар на внимание, љубезна е со сите, сака авантури, но и брзо излегува од нив барајќи нови жртви и обожаватели. Водолијата е харизматична и едноставно обожава предизвици, исто како и вие.

Оган (50-60 поени)

Синоним за страст, секс, љубов и авантура. На вас никогаш не ви е здодевно, секогаш наоѓате хоби, разонода, друштво... Сакате живот, многу луѓе околу вас и многу патувања. Имате карактеристики на Овен кој сака да лудува по улиците на градот, на Лавот кој сака модерна технологија, луксузни ресторани и егзотични места, додека Стрелецот кој го држи златото во авантуризмот сигурно сака да плови со луксузна јахта и да истражува нешто ново и недопрено. Затоа за вас животот не е ништо, освен една голема авантура.



Би можело да ве интересира:

Квиз: Дали го сакате партнерот или само сакате да сте во врска? Дали ја идеализирате врската или навистина го сакате партнерот? Решете го овој к...
КВИЗ: Дали имате моќ да правите избори кои ве носат на следно ниво во животот? Дали квалитетот ви е важен пред квантитетот? А напредокот во технологијата? Дали...
Квиз: Колку добро ги чувате тајните на пријателите? Дали сте личност на која луѓето можат да ѝ се доверат, или, пак, сте од оние што...
Квиз: Дали вашите пријатели се токсични? Дали вашите пријатели сакаат да е секогаш сè по нивно? Ги чуваат ли тајните што ...
Квиз на личноста: Заради која добра особина луѓето ги занемаруваат вашите мани? На пријателите им пречи вашето грицкање нокти, зборувањето со полна уста или тоа...
Квиз: 10 празнични прашања на кои не смеете да го згрешите одговорот Знаете ли кој божиќен филм има најголема заработка на сите времиња? А како се ви...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg